Работа
На 3 април, Венера се поврзува со Марс во Близнаци носејќи ви креативна и комуникативна атмосфера на работното место и можност да го постигнете она што го замислувате. Но, мрзеливоста ќе ве нападне на 9 април кога едноставно ќе морате да го прифатите тоа и да се оддалечите од работата колку што можете. Комуникацијата се подобрува веќе следниот ден кога ќе можете да разговарате за важни теми поврзани со финансиите и безбедноста.
Особено фокусирани на вашите проекти и нивно завршување ќе бидете околу 17 април. Тогаш е можно да надојдат и нови обврски и поголеми проекти кои навидум нема да ги сакате, но ќе ви донесат повеќе успех и приходи. Пристапете и на работата со добар фокус и физичка издржливост. Не ги туркајте на сила работите кои не одат, туку фокусирајте се на она што има предиспозиции да успее. Еден Бик или Јарец ќе ви помогнат многу со совети поврзани со работата.
Ако работите тимски, не ги наметнувајте своите ставови, туку погрижете се за својот дел од обврските. Верувајте во својата сила и сите ваши напори ќе бидат успешни.
Љубов
Ако сте во врска, овој месец Сонцето во Овен ја осветлува вашата куќа на домот и семејството носејќи ви убаво чувство на сигурност. Ќе бидете среќни што минувате повеќе време со саканата личност и тоа ќе ве одмора од останатите работи во животот. Важен разговор поврзан со вашата иднина ве очекува на 2 април.
Ако сте слободни, ќе треба да ја најдете вистинската фреквенција за комуникација со оние кои ви се приближуваат. Овој период ви носи многу интересни средби и познанства, но и заљубеност во личност која ненадејно ќе ја сретнете а и нема да ја познавате премногу. Можен е почеток на врска со личност родена во знакот Вага.
Пробајте да поработите на оние работи кои ви пречат кај себеси и да го смените начинот на кој размислувате кога нешто ќе заврши или не оди според вашите очекувања. Овој месец носи голема лекција за вас.
Здравје
Потребен ви е активен одмор во природа.