Близнаци

Близнаци (21. V – 20. VI)

Вие сте најдобри комуникатори. Венера влегува во Лав во понеделник, што ќе ви помогне да ги искористите своите комуникациски вештини за да ги привлечете најдобрите љубовни односи. Во сабота, Плутон повторно влегува во Јарец и ги зголемува вашите вештини за поврзување и интимност. Во текот на истиот ден, Меркур влегува во Близнаци зголемувајќи ја вашата ментална сила.

Работа

Вие се наоѓате пред голем професионален предизвик. Некои Близнаци ќе добијат покана за соработка од странство. Оваа недела би можела да ве стави во ситуација да треба да се надмудрувате со колегите, што значително ќе ве измори. Но, победата е ваша во секоја ситуација во која ќе се најдете.

Крајот на неделата ќе ви донесе можност да се опуштите и да здивнете, но тоа не значи дека треба да бидете непромислени. Некој од пријателите ќе ви помогне да направите добра трансакција.

Љубов

Близнаците би можеле да чувствуваат напнатост во приватните односи, а за оние кои се во врска би можело да дојде и до расправија со саканата личност. Ќе ви биде потребно трпение, но и соодветна комуникација за да ги надминете проблемите.

Слободните Близнаци имаат многу нови познанства, а веројатно имаат и личност која прилично многу им се допаѓа. Ве привлекува еден нетипичен Овен, или пак некој кој е на некој начин поврзан со странство. Генерално, ви годат динамични и самоуверени личности. 

Здравје 

Пробајте да најдете начин да ја смалите напнатоста од работата.

Јуни носи вистински рај во вашите љубовни односи. 

Работа

Не би можело да се каже дека влегувате во сјаен период освен ако не сте вистински тип на личност која сака да работи постојано. Ова е месец кој од вас ќе бара да се посветите максимално на работата, што ќе ви донесе успех и добивка, но исто така би можело и да ве измори. Ако дојде до некаква понуда од странски партнери, подгответе се да ја прифатите понудата, но и да се посветите на повеќе работа. 

Средината на месецот може да ви донесе подобра позиција на работното место со поддршка на некоја значајна жена во вашата околина, а крајот на месецот може да донесе и почеток на нова работа. Ако се занимавате со работа поврзана со уметност или медиуми, тоа може да ви донесе интересна понуда од личност родена во Риби. 

Плутон, кој е владетеле на подземниот свет и потсвеста влегува во Јарец на 11 јуни што ќе ви донесе силна потреба за финансии, но и посветеност да дојдете до поголема заработка. Внимавајте само во овој период да не влегувате во конфликти со другите, особено на теми поврзани со политика.

На 17 јуни, Сатурн почнува да се движи ретроградно во Риби во вашата десетта куќа на социјален статус. Сатурн е владетел на одговорноста и правилата, па кога е ретрограден, тоа може да ве направи спонтани и во ситуација да заборавите на правилата. Летото е тука и треба да го прославиме, но внимавајте да не пропуштите важни рокови. 

Љубов

Јуни е возбудлив за оние претставници на вашиот знак кои сонуваат за страствена авантура в о врска со личност која во изминатиот месец ве фасцинираше до таа мера да не можете да престанете да мислите на неа. Ако сте слободни, можно е да воспоставите комуникација со Овен или Шкорпија, но тие ќе ви делуваат премногу напорни на моменти. 

За оние Близнаци кои се во врска, јуни носи патување со саканата личност, но ако вашиот партнер е Лав или Рак, можно е незадоволство во врската. 

За среќа, на крајот на претходниот месец, Меркур го заврши своето ретроградно патување што сега во јуни ја олеснува комуникацијата на ова поле. На 3 јуни, полната Месечина во Стрелец е во вашата седма куќа на љубов и партнерства што може да ви донесе значаен настан или ситуација на ова поле. Заокружете го овој датум во вашиот календар. 

Два дена подоцна, на 5 јуни, Венера влегува во храбриот Лав во вашата трета куќа на комуникација што ќе ви донесе сентименталност, но и бестрашност во искажување на своите емоции. Ова е особено поволен транзит за Близнаците кои се слободни, а на кои им се допаѓа некоја личност на која се плашеле да и пријдат.

Младата Месечина во вашиот знак на 18 јуни носи нова ера во вашите љубовни односи. Ова е значајна дата за вас бидејќи носи големи, а убави нешта на ова поле. Што и да започнете во овој период или на што и да се решите ќе ви донесе љубовен успех. 

Со влегувањето на Меркур во емотивниот Рак на 26 јуни можно е малку да се чувствувате исплашени да ги покажувате своите чувства, а ќе чувствувате многу. Пробајте да најдете баланс и да не дозволите емоциите да вријат во вас. 

На 30 јуни со почетокот на ретроградното патување на Нептун во својот домашен знак во Риби, можно е да се соочите со тешки вистини за себеси. Пробајте да не се лутите кога луѓето ќе ви дадат добронамерна критика, особено ако тоа доаѓа од саканата личност. Ова е транзит кој ќе ви покаже што е навистина важно за вас. 

Здравје  

Брзоплети сте, внимавајте на повреди. 

 

Ова е година на интроспекција!

2022 беше важна година за родените во овој знак, но 2023 ќе биде многу интересна.

Ова е период кога се најавуваат големи трансформации и промени. Иднината е светла за вас,  а планетите ветуваат сè освен досадна година. Ќе успеете да се ослободите од товарот и да дојдете до прогрес и задоволство.

Освен тоа, ќе применувате и агилен начин на размислување, а планетите ќе ве потсетат да бидете храбри и да не размислувате премногу. Но, немојте да бидете претерано ентузијастични бидејќи Сатурн може да донесе мали ограничувања во првиот дел од годината. За среќа, ги имате Венера  Марс кои го имаат вашиот грб и ви носат магични моменти. Очекувајте убави вести!

Љубов

Хороскопот за 2023 година најавува хармонија во љубовните ондоси, особено во првиот квартал од годината. Ќе успеете да ги надминете неволјите и да се потрудите да изградите солидна врска. Покажете и на саканата личност колку ви значи. 

Слободните Близнаци треба да бидат внимателни кога ќе градат нови односи со нови личности и да внимаваат како комуницираат со новите луѓе во нивниот живот. За некои претставници на овој знак, едно долгогодишно пријателство би можело да се претвори во убава љубовна приказна. За други пак, во нивниот живот ќе се појави посебна личност. Венера ќе има силно влијание и ќе носи големи и убави промени, особено во месеците мај и јуни. 

Кету е планета која би можела да ви донесе одредени одложувања во вашите планови и активности. Ќе бидете оптимистични и расположени, но не дозволувајте вашето расположение драстично да се смени ако нешто не се одвива онака како што сте замислиле. Тоа е пораката од оваа планета.

Од Близнаците кои се во врска се бара на своите партнери да им кажат што имаат на ум бидејќи така љубовта ќе биде уште подобра. Немојте да влегувате во никакви паралелни или привремени врски и посветете се на само една личност. Ако треба некогаш да попуштите, направете го тоа, бидејќи компромисот на долг рок ќе ви донесе успешна врска. 

Ако посакувате да се смирите со некоја бивша љубов која ви е драга од минатото, шансите за тоа се големи кон крајот на годината. Но, повторното влегување на оваа личност во вашиот живот нема да биде нималку лесно бидејќи ќе треба многу да анализирате и разговарате. Ова е период кога големи се шансите да добиете понуда за брак, ако вашиот однос е изграден на солидна основа. Страста и емоциите ќе бидат на високо ниво, а со тоа и потребата постојано да бидете со саканата личност. 

Финансии

Оваа година е важна за интроспекција, а тоа особено ќе биде интензивно на полето на финансиите. Јупитер е тука за да ви помогне да ги поправите работите и да ја зголемите својата самодоверба. Затоа, со влијанието на планетата на среќата, нема потреба за грижа. 

Ќе ви биде важно да стекнете финансии на долг рок и да осигурате сигурен прилив и нема да ви бидат премногу важни малите заработки. Вашиот фокус ќе биде насочен кон тоа да овозможите поголема заработка од претходно. Тука е важно да ги избегнувате големите инвестиции, бидејќи тие би можеле да донесат до загуби на долг рок. 

Но, внимавајте на Сатурн бидејќи тој може да предизвика доцнење, особено во првите четири месеци од годината. Исто така, избегнувајте да се занимавате со значајни правни прашања околу финансиите, овој период. Советувајте се со другите пред да донесете одлуки и добро анализирајте ја секоја ситуација. 

Кариера

Како и минатата година, така и оваа вие ќе се движите полека, но сигурно на скалата на успехот. Не само што ќе успеете да постигнете големи нешта, туку и ќе ги покажете и своите вештини и способности на вистинските места. Како што ќе започне годината, веднаш ќе забележите поволна ситуација за ова поле, а ако посакувате нова работа, тоа ќе се случи во јануари или почетокот на февруари. 

За многу Близнаци, нивниот професионален живот ќе биде главен фокус за нив, но тоа ќе бара напор. Ако успеете во тоа, ќе имате и подобрени вештини, техники и сето она што ви е потребно за да постигнувате успех постојано. 

Март е месец кој ви носи најголеми промени на ова поле. Вашето ниво на енергија ќе биде високо и ќе имате полни раце работа. Но, Сатурн би можел да ве ограничува во овој период, за што ќе треба да научите да останете смирени и трпеливи. Соочете се храбро со препреките и бидете одлучни во своите ставови. 

Ако сте на лидерска позиција, планетите ве повикуваат да водите сметка за потребите на другите. Не го губете идентитетот во работата и имајте на ум дека често најголемиот успех доаѓа токму од тимскиот дух. Затоа, изберете ги мудро своите битки. 

Советот од ѕвездите е да бидете објективни во вашиот пристап, но и стабилни и одговорни. Ако давате ветувања, најмалку што можете да направите е да се потрудите да ги исполните. 

Здравје

Иако работите ќе бидат одлични во другите сектори, тоа се однесува и на здравјето. Но, можни се мали здравствени проблеми во првите три месеци од годината. Можни се и стрес, депресија и вознемиреност, па затоа внимавајте на тоа да изградите баланс меѓу работата и личниот живот. Јогата, медитацијата и прошетките во природа се препорачуваат за сите оние на кои често ќе им биде потребно бегство од предизвиците.

Вториот дел од годината ви носи чести промени во расположението. Наоѓајте начин да се смирите или подобрите своето расположение и некако да се соочите со големиот притисок. Можни се и проблеми со дигестивниот систем, па затоа се препорачува храна богата со природни влакна и соодветна терапија. 

Хороскоп по месеци

Јануари: Во овој месец ве очекува позитивна клима во вашиот живот. Марс е поврзан со поволниот аспект на Јупитер, а тоа ви носи исполнување на вашите желби. Во однос на космичките енергии кои ќе доаѓаат од Водолијата, добивате можност да донесете правилни одлуки, така што овој месец ќе биде речиси совршен за вас.

Февруари: Продолжете по истиот пат како и јануари. Имате корист од поставеноста на планетите и тоа ви помага да ги остварите своите планови. Доаѓаат среќни моменти, но и нови луѓе во вашиот живот кои ќе ве шармираат. Сакате промени и имате неколку големи проекти пред себе. Но, ако целите кон успех, ќе треба да се потрудите да бидете практични. Имајте на ум дека во текот на овој месец, некои идеи се остварливи, но некои не се. Во текот на февруари, младата и полната Месечина ги зголемуваат вашата великодушност, но и вашите разочарувања.

Март: Продолжувате во поволна клима, но за да ја имате среќата на ваша страна, ќе треба да продолжите со вистинските избори. Овој месец, вашата мисија е да не потклекнете дури и ако се соочите со тешкотии. Послушајте ги советите од вашите блиски и бидете мудри. Ако сте осамени, фокусирајте се на своите чувства, бидејќи тоа ќе ви помогне да ја избегнете осаменоста. Ако се појават мали проблеми во врската или во комуникацијата со личноста која ви се допаѓа, немојте да се бегате, туку соочете се со тоа.

Април: Космичката енергија од владеењето на Овенот ги буди вашите сектори на пријателство и професионална ангажираност. Имате отворен ум и подготвени сте на промени. Привлекувате луѓе кон себе, а вашиот начин на функционирање ги воодушевува луѓето околу вас. Средината на месецот носи чуда во вашиот живот.

Мај: Во текот на овој месец ја имате поддршката на Марс и Сонцето. Ќе бидете охрабрени со позитивна енергија, па затоа е важно да одвоите време да размислите за она што сакате да го преземете, но и да го направите она што е реално и остварливо. Во текот на овој месец е присутен и Сатурн кој ве спречува да се фокусирате на оние планови кои не се во согласност со вашите интереси. Фокусирајте се на љубовта и романсата, ова е убав месец за тоа.

Јуни: Во текот на овој месец, некои работи во вашата кариера би можеле да ви делуваат монотоно и досадно, но потрудете се да останете посветени. Мотивацијата е ниска, па овој месец е најдобар за одмор. Ова е месец кога можно е да пронајдете љубов.

Јули: Во овој месец, вашата главна грижа е остварувањето на вашите амбиции. Сакате слобода, но имате и голем апетит за успех. Не сакате да чекате, но можеби ќе треба малку да успорите. Вашите идеи се јасни, но потребна ви е поддршка. Не ги преминувајте границите во љубовта, за да не ја навредите другата страна. Тоа би можело скапо да ве чини.

Август: Енергијата на Сатурн ви го комплицира животот, но имате чувство како да сте малку заглавени. Засега, вашите цели се недостижни, но тоа не значи дека нема никогаш да ги остварите. Водете се од методите на работа и дајте им важност на сите детали. Имате поддршка од Лавовите, искористете го тоа.

Септември: Тешко ви е да напредувате на работното место, но овој месец ве поттикнува да се фокусирате на пријателствата и љубовта. Ова е област на која треба да се фокусирате, бидејќи со некои вистински разговори ќе успеете да изградите длабока поврзаност со нови личности или пак оние кои ви значат. Овој месец е и совршен за почеток на нова врска.

Октомври: Октомври ви носи мала огорченост бидејќи се чувствувате како ништо да не оди како што треба. Немојте да бидете критични кон другите, бидејќи тоа нема да ве одведе никаде. Наместо тоа, фокусирајте се на својот живот.

Ноември: Ова е месец во кој луѓето околу вас ќе ви покажат дека ве ценат, а вам ќе ви се допаѓа тоа. Ќе бидете шармантни, а со тоа ќе привлекувате и интересни личности. Ако сте во врска, ова е одличен месец за стапување во брак. Уверете ја саканата личност дека се грижите за вашата заедничка иднина.

Декември: Декември може да ви донесе чувство како да немате излез од ситуацијата во која се наоѓате бидејќи ќе бидете водени од илузии. Но, со помош од Марс тоа може брзо да се промени.