За среќа, оваа година ќе бидете поголеми оптимисти благодарени на Јупитер, што го зголемува вашиот ентузијазам и може да ви донесе многу поволности. Среќата навистина е на ваша страна, искористете го тоа. Но, Јупитер има една негативна страна а тоа може да ви донесе преголема самодоверба со што ќе прифатете повеќе обврски одошто можете. Не правете го тоа.

Сатурн секако ви носи напорна работа и постојано докажување, но не по цена да се преморите. Ако се чувстувувате дека во одредени периоди изостануваат наградите за вас, бидете само трпеливи. Ова е година која ќе ви донесе длабока поврзаност со некои луѓе и односи кои ќе траат долго.
Уран ќе ве стимулира да барате одговори во себеси, но бидете внимателни кога ги споделувате своите најдлабоки тајни со луѓе кои не ви се претерано блиски. Ако носите важни одлуки поврзани со други луѓе, размислете подобро пред да се одлучите.
Во периодот на април, Сатурн носи среќа во вашиот семеен живот. Ако имате некакви здравствени проблеми, ситуацијата ќе се подобри во овој период. Август и септември се исто така поволни за вас за зближување со семејството со што ќе имате време да бидете во домот и да се фокусирате на оние што ги сакате.
Есента е одлична сезона бидејќи вашиот потенцијал ќе биде најголем тогаш. Искористете го знаењето кое го имате за да ги постигнете своите цели, особено во перидот на ноември.
Оваа година ви носи ментален стрес, но важно е да минувате време во природа и да најдете начин да се релаксирате. Некои луѓе не ви се вистински пријатели и ќе го покажат своето вистинско лице во 2022 година што многу ќе ве растажи, но гледајте ја оваа година како филтер од она што не ви е потребно. Дополнително, ќе се зближите со некои колеги со кои не сте биле блиски, а ќе посакате да смените и некои работи во својот дом.
Колку и да сте изморени од работата, треба да знаете дека во поголем дел од годината вашиот напорен труд ќе биде препознаен и ценет од соработниците и надредените.
Генерално гледано, оваа година ви носи слобода да се однесувате во согласност на своите интересите, да ја изберете насоката во која ќе се развивате и да ги прифатите можностите кои ви се нудат без вашиот вообичаен страв од промени. Важни одлуки се пред вас, драги Бикови!
Работа
Ако сте невработени, почетокот на пролетта и есента ви носат одлични вести на ова поле. Исто така, имате големи шанси кога станува збор за вашите финансии. Од крајот на мај до јули, како и во септември можно е зголемување на вашите приходи. Но, без оглед на тоа, ѕвездите ви препорачуваат да штедите за да имате финансии ако дојде до непредвидени загуби, што е можно да се случи во ноември.
Сатурн носи награда за оние кои се занимаваат со учење и студии. Најголем успех ве очекува во периодот од април до септември.
Оваа година ви носи и неочекувани извори на заработка, па на вас е да го искористите тоа. Тоа ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата, а ќе успеете и да напредувате на повеќе полиња. Планетарните позиции се одлични оваа година, а за некои Бикови доаѓа можност и за купување имот.
Внимавајте ако некому треба да позајмите пари, бидејќи постои можност тие да не ви бидат вратени. Биковите кои ќе посакаат да го променат работното место треба да го направат тоа во области и на позиции за кои се сигурни дека ќе им донесат напредок, а не по секоја цена. Од јули до ноември, обрнете внимание да не трошите пари на луксузни и непотребни работи.
Периодот од август до септември е одличен за Биковите вработени во администрација и комуникации.
Љубов
Ако сте во брак, можни се некои сложени односи во претстојните месеци. Некои разлики ќе излезат на површина и ќе морате да се соочите со нив, но и отворено да разговарате со саканата личност. Ако сте во врска, можно е да побарате повеќе нежност и внимание од саканата личност, но ако другата страна се однесува неодговорно, можно е да ставите крај на врската.
Некои Бикови ќе посакаат да стапат во брак, но можно е некои членови на семејството да не се сложуваат со вашата одлука. Вашите пријатели ќе ви понудат совети и неверојатна поддршка во однос на овие тешкотии. Ако некого многу сакате, ова е година во која ѕвездите ви носат огромна поддршка и можност да се зближите со таа личност. Некои ситуации можеби ќе бидат непријатни, но не се откажувајте.
Ако сте сами, во првиот дел од годината можно е да започнете нова врска и ќе бидете задоволни со својот избор, тоа ќе ви донесе хармонија. Во најголем дел од годината, Биковите ќе се чувствуваат одлично во љубовта, што ќе се одрази на нивниот цел живот. Особено убави месеци за љубов се мај, јули и септември. Ќе бидете приврзани до саканата личност и ќе уживате во тоа што сте сакани и ценети. Сепак, бидете внимателни околу август и декември бидејќи можни се мали недоразбирања. Избегнувајте сомнежи и бидете искрени. Трудете се да минувате време заедно, а 2022 година ви носи и многу заеднички патувања.
Знаци со кои одлично ќе се сложувате се Девица, Бик и Риби.
Здравје
Оваа година треба да обрнете внимание на своето здравје, особено на почетокот на годината. Не го занемарувајте своето здравје и не потпаѓајте на пороците. По март, притисокот на работното место ќе ви носи многу стрес, па ќе треба да приоритизирате, но и да најдете начини кои ќе ве опуштат. Особено чувствителен ќе ви биде стомакот, па затоа внимавајте што јадете. Фоксирајте се на исхрана богата со маслиново и кокосово масло, но и зачини. Избегнувајте брза и масна храна и кога се чувствувате подуено или прејадено, пробајте да пешачите.
Во последните два месеци од 2022 година можни се проблеми со нервниот и дигестивниот систем.
Хороскоп по месеци
Јануари: Овој месец ви носи зголемена свест и поддршка од планетите да почнете нови работи во животот. Многу од вас ќе го смират своето незадоволство, а можни се и патувања.
Февруари: Во вториот месец од годината ќе чувствувате силен напредок на многу полиња. Ќе ги усогласите своите желби со можностите, но ако постојат кавги во вашиот живот, не ги игнорирајте, туку седнете и разговарајте.
Март: Развијте го својот оптимизам и верувајте во себе. Тоа ќе ви помогне да ги надминете сите сомнежи и дилеми. Внимавајте на односите со претпоставените на работното место.
Април: Можни се поволни вести во однос на работата, особено ако сте невработени или во потрага по нова работа. Освен тоа, можен е и почеток на интензивна врска со личност од работното место.
Мај: Реално согледајте ги своите можности и ограничувања. Соочете се со евентуалните проблеми и извлечете поуки од некои неповолни ситуации. Не ги споделувајте своите планови со секого.
Јуни: Овој месец ви носи полетно расположение, но неопходно е да седнете и разговарате со саканата личност. Можни се и неочекувани финансиски успеси.
Јули: Бидете комуникативни и толерантни. Ако сте во врска, вашиот љубовен живот ќе се подобри овој период.
Август: Ќе морате самите да се изборите со некои важни ситуации во животот. Иако тоа ќе биде случај, не ја одбивајте помошта од најблиските. Избегнувајте непотребни ситуации.
Септември: Можен е добар прилив на средства, како и нови шанси во љубовта, ако не сте во врска.
Октомври: Ќе добивате поддршка и наклонетост од блиските, а постојано ќе се чувствувате како да сте центарот на вниманието. Ова е месец кога вашиот оптимизам ќе биде на највисоко ниво.
Ноември: Можни се патувања во текот на ноември, но можни се финансиски загуби, па затоа бидете внимателни.
Декември: Можни се возбудливи, длабоки и интензивни страсти со саканата личност, како и подобар друштвен живот.