Хороскоп: Зошто не најдовте љубов во 2017?

Зошто не успеавте да ја најдете љубовта во  2017? Хороскопот има одговор.

Овен – Вие не ни баравте љубов во текот на оваа година. Наместо да ја гледате како нешто кое дава убавина на вашиот живот и дополнителна вредност, вие ја гледавте како товар. Не си дозволивте себеси да ја сретнете вистинската личност и не верувавте дека тоа може да биде некој кој ќе ве расположува и охрабрува. Сакате да сте авантуристи и мозокот брзо ви размислува и затоа 2017 многу не ви одеше паметот во љубовта.

Бик – вие сте личност која знае да биде топла и да сака, но како да сакате постојано да ги контролирате сите нешта што ви се случуваат. Освен тоа, брзо наоѓате разочарување во нештата кои се случуваат и имате проблем да сфатите дека понекогаш љубовта не е толку среќна и едноставна. Наместо да се опуштите во тоа, вие само се плашите и калкулирате како да избегнете да бидете повредени. Доколку сакате да најдете љубов, треба да сфатите дека љубовта е спонтана и таа не може секогаш да биде контролирана.

Близнаци – Вие мислите дека не заслужувате искрена и добра љубов. Колку и да сте интересни и забавни, вие сте многу строги кон себеси. Не си давате себеси да дозволите некому да влезе во вашиот живот, иако тие се можеби личноста која може да ве направи среќни. Понекогаш треба да научите да се отворите кон другите и да имате повеќе самодоверба дека тие ќе ве засакаат поради тоа што сте.

Рак – Дозволувате малите нешта да ве допрат. Кога станува за љубовта сте многу нежни и отворени, но вашиот најголем проблем е дека многу мали нешта ве вадат од такт и не си дозволувате ни да ја запознаете таа личност. Најчесто, врските ви носат многу штета, поради начинот на којшто реагирате на нив. Многу е важно да имате стандарди, но не дозволувајте многу ситни нешта да ве направат нервозни и незаинтересирани.

Лав – Вие сте од оние луѓе кои дозволвуваат егото да ги победи.  Наместо да се потрудите да ја освоите другата личност со шарм и харизма, почнувате да ја планирате врската како што вам ви одговара. Сакате сите нешта да се совршени и многу се трудите, но другата личност не може секогаш да се приспособи на тоа како вам ви одговара. Љубовта е патување за двајца, а не само нешто што вам треба да ви одговара.

Девица – вие поминувате премногу време во вашата глава, размислувајќи и анализирајќи и не си давате шанса да се фокусирате на луѓето кои се пред вас. Барате совршеност околу себе, каде и да погледнете и не си дозволувате да бидете среќни. Имате причини за сите нешта кои вие ги правите, но не ве интересираат работите кои другите луѓе ги кажуваат и прават се додека не се совршени.

Вага – сакате ммир и спокој, и не сакате да навлезете во конфликти,но дури ниту да направите некаков посериозен напор врската да стане поинтересна. Не најдовте љубов во 2017 бидејќи и не бевте заинтересирани за тоа, се однесувавте како да не ви е потребна. Уживате во својот независен живот, бидејќи знаете дека љубовта носи компликации кои досега не ви беа потребни.

Шкорпија – криете многу нешта за себе и не се отворате лесно за другата личност. Сакате да имате свои тајни и приватност, но сакате другата личност постојано да ви е достапна и да знаете се за неа.  Често се однесувате многу несигурно и љубоморно кога станува збор за љубовта и морате да се потрудите да најдете здрав баланс во животот, ако не сакате да бидете сами засекогаш.

Стрелец – вашиот оптимизам и позитивност се убави, но понекогаш се однесувате како ништ да не ве интересира и сте многу пасивни. Вие сте забавни во друштво, но во љубовта како постојано да бегате од обврски. Морате да донесете сериозни одлуки и да бидете посветени а на другата личност, за да ја задржите љубовта.

Јарец – вие не ја ставате љубовта на прво место. Вашата амбициозност и фокусираност на кариерата се одлични, но потребно ви е време за љубов. Чувствувавте дека сте осамени и дека ви е потребен некој,но во 2017 како да не знаевте да и пристапите на љубовта. Направете простор за личност во вашиот живот и потрудете се да најдете баланс во тоа што го правите.

Водолија – вие бегате од емоционалната поврзаност со другите и мислите дека физичката е доволна, но не е така. Се плашите да се отворите и мислите дека едно лошо искуство треба да биде пресудно за да се плашите цел живот од љубовта. Имате измешани стандарди и не знаете како да се поставите без да бидете повредени. Не размислувајте премногу.

Риби – не ја гледате љубовта на практичен начин и постојано идеализирате. Ќе бидете со една личност и потоа барате нова и никогаш не сте задоволни. Сакате да живеете според книга, но тоа е невозможно во реалноста. Во 2018  не се плашете толку и давајте им повеќе шанси на луѓето.