Хороскоп за викенд: Време е за насмевки и безгрижност

Овој викенд нè очекуваат три планетарни аспекти. Меркур прави конјункција со Венера што ќе направи да бидеме безгрижни и насмеани, овој аспект ни нуди можност и за љубовни средби, потенцијално со некои луѓе од минатото, бидејќи Венера се движи ретроградно. 

Се буди блискост во односите и полека доаѓаме до заеднички решенија за работите кои нè кочеа во изминатиот период.  Истовремено, Сонцето прави тригон со Сатурн, а овој аспект повикува да преземеме одговорност за тоа што ќе го направиме, а ни нуди и можност да постигнеме нешто големо. Од истите причини, важно е да ги прифатиме работите без многу отпор, да бидеме прецизни и во согласност со времето. 

Меркур прави квадрат и со Нептун. Меркур ја претставува левата хемисфера која го одржува логичкиот ум, додека Нептун пак ја претставува десната хемисфера која е задолжена за интуиција. Да си дозволиме таа да дојде до израз и да откриеме што се крие под површината. Пред да донесете некоја важна одлука, прво запрашајте се длабоко во себе што е најдоброто за вас.

За викенд, Месечината ќе минува низ знакот Близнаци потсетувајќи нè дека животот е забавна игра на која треба да и се радуваме постојано. Оваа Месечина има потреба да ја разбие монотонијата, да нè вовлече во разговори, дискусии и интересни теми.