Хороскоп за викенд:  Време е да се посветиме на чувствата и желбите

Венера влезе во знакот Близнаци на 2 април, каде ќе остане до 7 август. Ако ви е потребна забава и разиграност во животот, сега е време да кажете ДА на сите можности кои доаѓаат. Таа повикува на промени, динамични љубовни разговори, но и многу смеа.

 

Ова е период во кој лесно ќе можете да  се најдете во недоумица каков избор треба да направите на љубовен план, а со оглед на тоа дека Венера несебично ја дели својата љубов, ќе се чувствувате многу слободно. Ќе тежнееме кон тоа да ги исполниме своите потреби и ќе ни годат разговорите за своите чувства и желби. 

Љубовта сега може да се најде во најблиското окружување, а поддршка и разбирање ќе добиете од своите пријатели. Ќе имате безгрижни моменти, а ова е период во кој ќе се чувствувате и особено креативно.

Добро е да ја искористите својата енергија за да бидете конструктивни. Сатурн ви дава поддршка во овие моменти. Допуштете си себеси да бидете присутни, а  минатото само нека биде потсетник дека конечно заслужувате безусловна љубов.

Ова е период кој носи и мали финансиски проблеми, но е и трансформативен период кој повикува да ги откриеме своите лични потенцијали. Да ставиме фокус на позитивните работи, и да ја најдеме целта на нашето живеење.