Хороскоп за помрачувањето на Месечината во Стрелец: Рибите се во хаос, Шкорпиите пропуштаат важни прилики

Оваа лунарна еклипса ни помага да созрееме и да ја спознаеме вистината. 

Тоа нè повикува да ги преиспитаме своите уверувања кои во минатото ни го отежнуваа личниот раст и развој. Оваа еклипса ни помага да растеме духовно и да ја спознаеме вистината. Интересно е дека се случува за време на пандемијата со коронавирусот, но и во големо време на будење низ кое минуваме сите како поединци.

Нема веќе стоење во место. Или ги решавате проблемите, или тие ќе станат потешки. Или сфаќате дека сè е во ваши раце или ја префрлувате вината на другите и тоа ви се враќа како бумеранг. 

Живееме во доба кога е важно да ја пронајдеме вистината. Да бидеме на страната на вистината и искреноста, да срушиме некои граници и ограничувања кои водат кон тоа да ја осознаеме слободата. Почнуваме да учиме, да се образуваме, да се информираме, да усвојуваме нови знаења кои ни помагаат да ја осознаеме вистината. 

Некои промени ќе бидат врзани со странство, законски регулативи, далечни патувања, но и духовност и религија. Сето она што не е искрено и со интегритет, ќе има висока цена. Кармата доаѓа по своето.

Ова помрачување ќе има големо влијание на променливите знаци Близнаци, Девица, Стрелец и Риби, но ќе го почувствуваме сите. Секое помрачување ја менува нашата судбина и овозможува да видиме што е добро, да го пуштиме од својот живот тоа што не е и да пробаме да се промениме. 

Кој ги затвора очите, тој спие и има ноќни мори. 

Ова е хороскопот за помрачувањето на Месечината во Стрелец, кое се случува овие денови.

Овен  -  сосредоточете се на активноста. Напорите кои ги правевте даваат плодови. За вашите активности ќе биде корисно движењето и комуникацијата со странство.

Бик – Ова би можело да биде особено стресен период за вас поради влијанието на Венера, Марс и Уран. Настојувајте да ја задржите смиреноста на работа. Не дозволувајте да навлезе гнев во вашите односи со другите луѓе.

Близнаци – Можни се одредени тешкотии кои се врзани со желбата и потребата за независност. Ова е време за промени – да се ослободите од она што не ви одговара, дури и ако е тоа шок за некои луѓе.

Рак  - можеби ќе почувствувате желба за промена на работата, особено ако ви пречи сегашното работно место. Време е да се одлучите што сакате од животот. Добро разгледајте ја ситуацијата пред донесување било каква одлука.

Лав – Самодовербата ви е на високо ниво, бидејќи овој период ќе се ослободите од луѓето кои не ги исполнуваат вашите очекувања. Ако имате деца, потсетете ги на правилата.

Девица – Работите се одвиваат пребрзо за вашиот вкус. Имате чувство дека ништо не можете да контролирате. Можно е бурно да реагирате на некои работи.

Вага – Чувствувате потреба за движење, комуникација и контакт со другите. Потребен ви е простор во врската, некое време да се одалечите од партнерот и да утврдите што сакате. 

Шкорпија – Би можеле да пропуштите некоја можност, но тоа не значи дека треба да се залетувате во било што. Особено бидете внимателни со потпишување на договори, бидете темелни. Ако ви се чини дека не ви оди во животот, не паничете. Не е време за тоа.

Стрелец – Полната месечина во вашиот знак ве поттикнува да размислувате за своите односи со другите луѓе. Тоа ќе ви помогне да ги видите работите појасно, особено ако некој се труди да ја искористи вашата добрина. 

Јарец – Полната месечина ве носи кон тоа да се повлечете од другите, имате потреба да се тргнете од бучната врева и големата енергија која ја чувствувате околу себе. 

Водолија – Сè е под контрола, вашата енергија е смирувачка, а проектите напредуваат. Со оглед на тоа, вие сонувате за добар одмор.

Риби – Не можете да се справите со хаосот во вашиот живот. Полната месечина ви помага да ги откриете приоритетите и да делувате во согласност со тоа.