Прочитајте што ни носи помрачувањето на Месечината кое настапува на 5 јули.
Во раните утрински часови на 5 јули доаѓа последното помрачување на релација Рак – Јарец. Со тоа завршуваме некои теми и околности кои можеби биле започнати во текот на летото 2018 или пак почетокот на 2019 година. Тоа нè повикува да завршиме нешто, да довршиме и да ги завршиме работите на најдобар можен начин.
Мораме да преземеме одговорност, да ги решиме проблемите, да се ослободиме од сето тоа што ни го отежнува животот.
Јарецот е амбициозен и одговорен, а со тоа ја презема водечката улога, се наметнува како авторитет и ги остварува целите. Не е лошо да се осврнете и на тоа дали постои здрава рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот.
Ова помрачување има и кармички печат. Нешто се чисти, треба да се доведе во рамнотежа и да престанеме да се лажеме себеси. Нема бегање од ова. Ова е време кога имаме само една можност, а тоа е да се промениме себеси, да растеме, да тргнеме кон вистината.
Исто така, и ретроградниот Меркур во Рак сугерира да се вратиме на некои стари места и на некои нерешени приказни. Станува збор за процес кој ќе потрае неколку месеци. Не носете нагли одлуки, не реагирајте во лутина, не повредувајте. Имајте верба во себе и во животот. Време е и да бидеме нежни кон другите, да го прифаќаме тоа што доаѓа.
Прашајте се себеси, што ви дава ова чувство? Што ви е потребно сега? Што е најдобро сега?
Тргнете на патот кој е најдобар за вас, вие точно знаете што е тоа.