Хороскоп за девојки: Еве кои карактеристики на вашиот хороскопски знак им се неодоливо привлечни на момците

Што машките мислат за тебе зависно од твојот хороскопски знак?

Секој хороскопски знак има свои позитивни и негативни страни, а овој пат ќе се сконцентрираме на позитивните страни кои момците ги обожаваат кај вашиот хороскопски знак

Што е тоа што на „фраерите“ им се сопаѓа кај шкорпионките, а што кај лавиците? Можат ли да оддолеат на силниот карактер и силната личност на јарците? Да тргнеме по ред од првиот знак.

Овен

Вие сте оптимистки и многу стравствени околу работите кои ги правите во животот, а доколку сакате нешто, тогаш сте и многу натпреварувачки расположени. На момчињата им се допаѓа тоа што знаете што сакате, кои ви се целите и начинот на кој се борите. И да не зборуваме колку им се допаѓа вашата искреност. Овниците секогаш имаат храброст да го кажат она што го мислат, а момчињата тоа многу го ценат.

Бик

Вие сте многу женствени и сензуални и затоа имате многу додворувачи. Вие сте идеален спој на снажен карактер и убавина кои сте ги добиле благодарение на својата владетелка Венера. Со оглед на тоа што сте и големи гурманки, момчињата го обожаваат вашето друштво, затоа што знаат дека ги знаете најдобрите места во градот каде што може добро да се најадете и да се напиете.

Близнаци

Под заштита на планетата Меркур, вие сте девојки полни со шеги, досетки и можеме да кажеме дека сте некој со одлично развиени комуникациски способности. На момците им се допаѓа тоа што знаете да се шегувате и тоа што сте вицкасти, а за вас имаат впечаток дека сте паметни, забавни и убави истовремено. Вистински џекпот.

Рак

Момците кај вас ја сакаат вашата романтична, нежна и чувствителна страна која не ја покажувате на сите, туку само на одбраните. Кога некој сакате, потполно сте несебични. Вие сте девојки со нагласена женственост, кои исто така се многу верни и многу посветени на личноста со која сте во врска. Секогаш ќе бидете поддршка на својата половина.

Лав(ици)

Виде сте девојки полни со живот, со многу самодоверба и со многу заразна насмевка. Забавни сте и динамични и секогаш барате нешто ново во животот. Родени водачи сте, а момчињата ги привлекува тоа што во себе носите голема сила и искреност. Баш како и овниците, не се воздржувате да го кажете тоа што го сакате, а момчињата тоа го сакаат, затоа што сакаат да знаат на што се.

Девица

Вие сте педантни, организирани и вредни и момчињата знаат дека сте девојки од доверба, некој на кој секогаш ќе можат да се потпрат. Исто така, на припадниците на посилниот пол им се допаѓа што сте толку реални, практични и не драматизираат непотребно, а воедно се и вљубени во вашиот интелект, кој вас ви е ас во ракавот.

Вага

Со природниот талент за дипломатија и меѓучовечки односи, момците се чувствуваат одлично и опуштено во вашето друштво. Поради своите вродени способности за флерт, секогаш околу себе имате многу додворувачи. На момчињата им делувате како елегантни дами, затоа што секогаш зрачите со софистицираност. 

Шкорпија

Момчињата ја сакаат вашата мистериозност и таинственост. Има нешто во вашата магнетска привлечност, на што спротивниот пол не може да одолее. На момчињата им се допаѓа вашата непогрешлива логика и интуиција, секогаш се воодушевуваат колку сте интелигентни. Исто така се воодушевуваат со вашата сила и снаодливост во разни животни ситуации.

Стрелец

Момчињата ја обожаваат вашата независност и непоколебливиот авантуристички дух секогаш подготвен за нови искуства. Покрај тоа сте и симпатично шармантни и дрдорки, а кога ќе се вљубите, тоа не се срамите да го покажете. Полни сте со самодоверба и не ве интересира што мислат другите за вас, туку одважно живеете на начинот на кој сакате.

Јарец

Многу сте амбициозни. Низ животот ве води логчкото размислување, а на момчињата им е привлечно да видат девојка која знае што сака во животот и која знае што прави. Покрај тоа, вие сте секогаш подготвени да сослушате и да дадете совет и сте многу посветена личност која сака.

Водолија

Вие сте толку силни девојки што понекогаш се чини дека момците воопшто и не ви требаат. Ете, баш таа независност толку многу ги привлекува, а поради тоа и ве почитуваат. Не сте љубоморни, а како што и на самите ви треба простор за себе, така истото ќе му го овозможите на својот дечко. Нема да го барате да ви каже каде е, ниту ќе му наметнувате вина зошто попладнето не го поминал со вас туку со пријателите. Вие сте доволно разбрани да знаете дека не можете 24/7 да бидете заедно.

Риби

Девојките во овој хорорскопски знак се емоционално интелигентни и зрели. Момчињата тоа го ценат, особено оние кои имале непријатни искуства со емоционално нестабилните кралици на драмата. Исто така, многу се толерантни и не бараат совршенство од луѓето, туку ги сакате со маните и доблестите. Момчињата ја сакаат вашата смисла за хумор, а воедно и вашата неисцрпна инспирација на креативни мисли.