Хороскоп: Три животни лекции кои треба да ги научите во 2019 година

Овен

Не се плашете да ги покажете своите чувства

Имате навика да ги криете чувствата длабоко во себе и избегнувате да се соочувате со проблемите. Оваа година, обидете се да промените нешто. Наместо да бегате од своите чувства, застанете и размислете околу тоа како се чувствувате. Она од кое бегате секако ќе ве стигне, кога-тогаш.

Работете на вашите врски

И ова не е ваша најсилна страна и е поврзано со точката погоре. Наместо да им кажете на луѓето што чувствувате за нив, вие молчите. Обидете се да се фокусирате на комуникацијата со луѓето кои ги сакате и кажете им што чувствувате за нив.

Нема ништо страшно во тоа да кажете некому дека го сакате

Не мора да се плашите од тоа. Не мора да се чувствувате ранливо ако кажете „Те сакам“. Овие две зборчиња можат многу да им значат на луѓето околу вас, но и на вас.

Бик

Молчењето е злато

Понекогаш едноставно треба да си ја држите устата затворена.

Слушајте, барем еднаш, за промена

Понекогаш на луѓето им е потребно некој да ги сослуша. Не мора секогаш да го кажувате вашето мислење или да давате совет. Можеби не сакаат да чујат мислење. Можеби само сакаат да молчите и да ги слушате.

Фокусирајте се на сегашноста

Прекинете да се грижите за иднината. На тој начин, губите контакт со сегашноста. Со постојано размислување околу тоа што ќе се случи, вие не живеете сега и тука. Оваа година, застанете и уживајте во сегашниот момент.

Близнаци

Пронајдете ги работите што ве возбудуваат

Вие веќе знаете што ве возбудува. Тоа го научивте минатата  година. Но, сега кога веќе знаете, направете сѐ што можете за да ги остварите тие работи. Живејте го животот кој го заслужувате.

Збогувајте се со луѓето кои ве повредија

Секогаш ќе има луѓе кои ќе ве користат. Луѓе кое ќе ве манипулираат. Луѓе кои се отровни. Треба да ги препознаете тие луѓе и да се ослободите од нив. Треба да си направите услуга со тоа што ќе го исчистите вашиот живот од такви луѓе.

Не се заборавајте себеси

Ставете се себеси на прво место. Секогаш ги ставате другите луѓе пред себеси. Давате љубов на сите освен на себеси. Оваа година изберете се себеси.

Рак

Одете на патувањето кое долго време го одложувате

Постојано наоѓате некакви изговори за да не отидете на тоа патување. Сѐ е средено, само треба да отидете. Не размислувајте премногу и тргнете на пат. Останатото ќе го смислите кога ќе отидете таму.

Откажете се од работите кои не ги сакате

Ако си ја мразите работата, дајте отказ. Има многу други работи кои можете да ги направите и којзнае, можеби ќе откриете дека сакате да правите нешто за кое никогаш не сте мислеле дека ќе сакате да го правите. Немојте самите на себе да си бидете пречка на патот кон вашата среќа.

Разбудете се и живејте го животот!

Не пропуштајте прекрасни шанси само затоа што сте несигурни. Прифатете ги работите кои ви ги нуди животот.

Лав

Оставете ги поранешните љубови во минатото

Збогувајте се со спомените. Ослободете се од минатото. Продолжете со животот, затоа што ако не го направите тоа, нема да најдете нова љубов. А што се однесува до вашите поранешни љубови, тие сигурно нашле нова љубов. Продолжиле натаму. Истото треба да го сторите и вие.

Заминете!

Не се плашете да се преселите од градот во кој живеете. Не дозволувајте рутината да ве спречи да пробате нови работи во животот. Причината поради која сте несреќни и сами лежи во вашиот страв да заминете.

Престанете да се обидувате да ги задоволите сите

Вие сте тие кои секогаш ги тешат пријателите, но никогаш не кажувате што ве мачи. Не мора секогаш да бидете силни. Океј е понекогаш да бидете ранливи и да мислите на себе.

Девица

Научете да бидете одговорни

Кога ќе зезнете нешто, бидете храбри и соочете со последиците. Престанете да ги обвинувате другите за вашите проблеми. Самите сте виновни. Престанете да барате изговори кои ве влечат само надолу.

Исполнете ги вашите цели

Разбудете се! Престанете да сонувате и направете нешто за да ги исполните вашите соништа.

Бидете позитивни

Престанете да размислувате негативно. Кога цело време се фокусирате на негативни нешта, лоши работи почнуваат да ви се случуваат. Почнете да внесувате позитивни работи во животот и сѐ ќе си дојде на свое место.

Останатите знаци на наредната страна...

Вага

Рим не бил изграден за еден ден

Бидете трпеливи. Ќе ја добиете наградата за трудот и напорната работа. Само ќе треба малку да почекате. Но, немојте да мислите дека никој не забележува што правите и колку труд вложувате.

Престанете да мрчите!

Простете на оние на кои треба да им се прости и продолжете. Таа намќореност и лутина која ја држите, ќе ве изеде одвнатре. И само прави да се чувствувате полошо. Морате да најдете мир и да престанете да мрчите!

Ги сакате другите, но мора да се сакате и себеси

Немате самодоверба, а би дале сѐ за луѓето околу вас. Им давате внимание на сите, но не оставате ништо за себе. Бидете добри кон самите себе, не бидете мизерни.

Скорпија

Ослободете се од лутината

Скорпиите можат вечно да држат лутина. Но, така само си правите лошо на себеси. Немате мир, не се чувствувате добро, сѐ само затоа што сте се скарале со некој. Простете и продолжете.

Не е важно што мислат другите за вас

Се преправате дека сте нешто што не сте, само затоа што ви е страв дека нема да им се допаднете на луѓето. Се плашите дека некој ќе ја искористи вашата ранливост, па ставате маска за да се заштитите. Бидете внимателни, додека се преправате дека сте нешто што не сте, може да се изгубите себеси.

Прекинете да се грижите толку

Премногу се замарате со ситници. Го пресметувате секој чекор и ако дури и најмалата ситница не оди онака како што сте планирале, паѓате во транс. Престанете да се грижите за сѐ и сешто и оставете животот да ве води по својот пат и уживајте во процесот.

Стрелец

Нема ништо страшно во покажувањето чувства

Не мора цело време да бидете силни. Не мора да се преправате дека ништо не ве допира. Покажувањето чувства и ранливоста не ве прават слабаци. Мора да се отворите ако сакате луѓето да ве запознаат и ако сакате да ја запознаете љубовта на вашиот живот.

Не се плашете од љубов

Досега, сѐ што сте добивале од љубовта било болка и солзи. Се плашите повторно да сакате, затоа што никогаш не завршувало онака како што сте сакале вие. Но, нема причина да се плашите од љубовта. Она што досега сте го искусиле, не било љубов.

Не бидете толку строги кон себеси

Вие не сте семоќни. Не можете да бидете на 100 места во исто време. Имате многу високи цели и не бидете тажни ако не ги остварите сите. Вие очекувате премногу од себеси. Поставете подостижни цели, остварете ги, а потоа поставете повисоки цели.

Јарец

Патувајте!

Ништо не смее да ве сопре! Одете онаму каде што сакате да одите и одете и видете го секое делче од светот кое сакате да го видите. Ако не го направите ова сега, ќе жалите цел живот. Ќе се каете што не сте го правеле она што сакате да го правите.

Чувајте ги работите што ве прават среќни

Ако секое утро станувате со малку волја за живот, нешто не правите како што треба. Ослободете се од сѐ што ви прави притисок во животот. Вие ги заслужувате само најдобрите работи и заслужувате да бидете опкружени од луѓето кои прават да се чувствувате подобро.

Сосема е во ред да започнете одново

Никогаш не сте престари за целосно да го смените вашиот живот. Ако има нешто што сакате да го направите, не се плашете да го направите тоа!

Водолија

Немојте само да седите и да чекате работите или луѓето да дојдат кај вас

Ако има нешто на кое не можете да престанете да мислите, одете и направете да се случи! Нема поента да седите и да чекате и назгора да се самосожалувате. Ако се обидете да го остварите тоа, можеби нема да успее, но барем ќе знаете што да промените за следниот пат.

Обидете се да кажете „Те сакам“

Ако сакате да бидете сакани, морате да сакате. Во ред да бидете исплашени, знаеме дека сте биле повредени. Но, ако не дозволувате повторно да сакате, тогаш никој нема да ве сака. Обидете се да кажете „Те сакам“. Овојпат нема да боли.

Бидете добри кон другите

Ова е најголемата награда што ќе ја добиете: Да видите дека некој друг се чувствува подобро поради нешто што сте направиле вие. А и плус тука е кармата. Сите добри работи што ги правите ќе ви се вратат!

Риби

Не, не ви е судено да бидете повредувани

Се плашите да бидете повредени затоа што секогаш целосно се предавате во врските. Вие сте отворена книга и ги пуштате сите во вашиот живот. Безусловно сакате и тоа е причината поради која ве повредуваат. Но, сета болка ќе се исплати на крај. На крај ќе ја најдете љубовта!

Не сте вие секогаш виновни за сѐ

Кога некој ќе си замине, не се обвинувајте себеси. Кога некој ќе ви стори нешто лошо, не се обвинувајте себеси. Не мора да преземате одговорност за туѓите постапки.

Вам ви е судено да правите големи работи

Вие не сте просечна личност. Знаете дека ви е судено да правите големи работи. Знаете дека она што е внатре е поважно од она што е надвор. Вие сте личност со идеали, полна со љубов и сочувство, нешта кои лесно ги споделувате со луѓето. И затоа, луѓето секогаш прво ви се обраќаат вам.