Хороскоп: Што ни носи младата Месечина во Близнаци?

 

Новата Месечина влезе во знакот Близнаци на 22 мај. Со Меркур и Венера во истиот знак, можеме да очекуваме драма, а ретроградното движење на Венера ќе ни помогне подобро да се справиме со врските.

Што ги очекува хороскопските знаци овој период?

Овен

Со Венера во истиот знак, младата Месечина носи нови патувања поврзани со учење. Ако сте заинтересирани за нови нешта, ќе имате можност да научите многу, дури и она што мислите дека сте го пропуштиле. Откријте ја својата креативна страна и фокусирајте се на нови проекти.

Бик

Оваа млада Месечина ви ги открива потребите кои долго ги чувавте во себе. Можна е нервозна енергија околу вас овој период, но конечно ќе ги откриете одговорите кои ги баравте подолг период, дури и од почеток на пандемијата. Доаѓа период кој ви носи нов фокус и подобри вредности, искористете го тоа. 

Близнаци

Среќен роденден за Близнаците. Овој период конечно ви носи убави можности. Ќе откриете нови насоки не само овој период, туку и во следните неколку месеци. Ретроградната Венера ќе ве насочи кон вашите потреби, така што лесно ќе ви биде и да ги исполните. 

Рак

Доаѓа убав период за вас, бидејќи ќе ја искористите енергијата за да се одморите и погрижите за себеси. Ќе уживате во убави третмани, ќе планирате лускузни нешта и ќе размислувате како да си го подобрите својот живот. Убав период е пред вас.

Лав

Овој период подобро ќе се поврзете со другите луѓе. Ќе можете да му покажете на светот колку сте уникатни и да ги освоите луѓето околу себе. Младата Месечина ви овозможува повторно да го освоите тронот. Ќе бидете вистинска ѕвезда што и да направите.

Девица

Работата во која се вложивте конечно почнува да дава резултати, а вашите шефови успеваат да го забележат тоа. Младата Месечина ве потсетува да имате верба во себе. Продолжете да вложувате во тоа што го сакате и ќе ги соберете сите плодови кои ги заслужувате.

Вага

Претходниот период ви беше потребна помош и насочување, но младата Месечина сега ви ги дава сите потреби кои ви беа потребни. Учите како да созревате и растете без да носите горчина во себе и ова е многу важен момент за вас, во однос на тоа. 

Шкорпија

Ова е период на реструктурирање, така што доаѓа нова фаза за Шкорпиите. Финансиите се подобруваат, а конечно доаѓаате и до стабилизацијата која ви беше долго потребна. Време е работите да дојдат на свое место.

Стрелец

Можно е да се појават сенките од минатото за време на оваа млада Месечина. Но, тоа ќе ви донесе поголема сила, нови видици и ново јас. Бидете внимателни само околу тоа што кажувате, не се трудете да ги повредувате другите ако вие самите минувате низ период на реструктурирање. Ова е ваша голема борба и ќе ја победите.

Јарец

Оваа млада Месечина ќе ви донесе фокус на вашите успеси и достигнувања. Ќе се потсетите конечно дека ви е потребен одмор од време на време и ќе најдете време за себе. Треба да сфатите дека успехот не значи работа 24/7. 

Водолија

За вас, младата Месечина носи инспирација. Многу работи ќе се случуваат одеднаш, но вие сте на вистинската патека. Само потрудете се да се поврзете со пријателите, преку социјалните мрежи или во живо и покажете им колку добро срце имате.

Риби

Младата Месечина носи мали тешки моменти за вас. Работите се менуваат, но знаете дека ова е процес низ кој треба да поминете за да излезете посилни. Вашите битки се внатрешни, другите луѓе не мораат да го знаат тоа, но побарајте помош ако ви е потребна.