Хороскоп – ова се мааните на личноста која ја сакате

Кои се мааните на личноста која ја сакате?  Иако веќе самите сте го откриле тоа, хороскопот точно може да ви даде одговор.

Овен

Овие личности се многу импулсивни и можат многу лесно да ве извадат од такт само со еден збор. Доколку дури и ненамерно им згрешите, нема да одбираат зборови како ќе ве навредат и повредат, а потоа за неколку часа ќе се однесуваат како ништо да не се случило. Доколку им кажете дека ве повредиле, со сигурност ќе ви кажат дека правите драми и претерувате.

Бик

Луѓето родени во овој знак ќе ве мачат со игнорирање. Тие се многу љубоморни личности, кои се премногу горди за да го признаат тоа.Затоа, наместо да ви кажат отворено и директно, ќе ве игнорираат. Голем дел од кавгите со нив завршуваат со тоа што ќе им кажете дека се во право, бидејќи сметаат дека се најпаметни и дека знаат најдобро.

Близнаци

Близнаците никогаш од ништо не се задоволни. Превртливите припадници на овој знак се свртени само кон себеси и воопшто не се заинтересирани за потребите на личноста со која се во врска. Тие очекуваат постојано да се трудите околу нив. Често, намерно ќе ве провоцираат со љубомора, бидејќи сакаат да видат како се борите за нив.

Рак

Раковите лесно се навредуваат, но и лесно простуваат. Нивната најлоша страна е тоа што можат да се навредат од секој збор што ќе го кажете. Опседнати се со мислењето на околината, а од лутина стануваат бесчувствителни и одмазднички настроени. Подготвени се засекогаш да го замразат оној кој ги повредил.

Лав

Лавовите секогаш ќе пронајдат оправдување за себеси. Тие не ја признаваат својата слабост никогаш и најдобро знаат да ја префрлат вината на другата страна. Стануваат ужасно напорни ако не им обрнувате внимание и не го храните нивното его, како што очекуваат.

Девица

Невозможно е да се исполнат очекувањата на Девиците. Секогаш се подготвени да критикуваат, а најлоши се кон своите партнери за кои сметаат дека би можеле да бидат барем малку подобри и посовршени. Сакаат сите работи да бидат онака како што тие замислиле, а ако не е така, имаат лошо расположение. Склони се кон проверки, а често се и посесивни.

Вага

Вагите секогаш знаат подобро од другите. Со нив, тешко е човек да знае на што е, бидејќи поради ситници, можат да го променат својот став и расположение. Имаат збир на правила за кои сметаат дека другите треба да ги исполнат, а кога тоа нема да се случи, заземаат став на советници.

Шкорпија

Припадниците на овој знак не се постојани во љубовта. Тие се склони кон флерт и афери, но и лаги и манипулација за да дојдат до својата цел. Доколку им нанесете некаква штета (која и самите ја измислиле дека постои), ќе ја нападнат вашата самодоверба и постојано ќе ве навредуваат.

Стрелец

Стрелецот секогаш себеси си е на прво место. Иако знаат да се заколнат на вечна љубов и предаденост, тие постојано гледаат што им одговара на нив, и секоја ситуација ја превртуваат во своја корист. Ако погрешите, ќе ви се прават паметни, а ни случајно не трудете се да го направите вие тоа. Тогаш, ќе бидат длабоко навредени.

Јарец

Јарците се личности кои имаат огромни очекувања од другите. Тие, како и Девиците очекуваат многу од оние кои ги сакаат, а тоа и јасно го кажуваат. Често мислат едно, зборуаат друго, а прават трето, така што ништо нема да ви биде јансо. Во состојба се длабоко да ги сокријат своите чувства бидејќи не сакаат да признаат дека некогаш проблемот е во нив.

Водолија

Водолиите не знаат да бидат предадени партнери. Тие се толку горди на својата индивидуалност, така што доволна им е љубовта од самите себеси. Обожаваат да водат инает, но и да глумат за да дојдат до својата цел. Ако се повредени, нема да ви признаат, но ќе ви вратат двојно.

Риби

Рибите постојано ги кријат своите стравови со навреди. Свесни се за својата несебичност во љубовта и поради тоа што многу силно сакаат, се плашат да не бидат повредени. Стануваат љубоморни, кажуваат работи кои не ги мислат и едноставно се како изгубени бидејќи се соочуваат со хаос во своите емоции.

cheap nike air max 90