Хороскоп: Ни доаѓа најубавиот ден за љубов

Помина Денот на вљубените, но ни доаѓа еден ден уште помоќен за романса и љубов.

Ако чекате совршен ден за да и пишете на личноста која ви се допаѓа или пак да започнете врска, постои една дата кој е особено добра за тоа :  26 март.

Ова е ден кога на небото се појавува ѕвездената точка на Венера, односно според астрологијата кога Венера и Сонцето се поврзуваат со Овен. Совршен ден за акција на ова поле. Секоја година се случува во различен знак, но оваа година во Овен, време за исполнување на нашите желби, акција и силна страст.

Според астрологијата, Овенот е прв знак во зодијакот и поставеноста на Сонцето е најдобра во овој знак. Астролозите велат дека можеме да очекуваме силна љубовна енергија, но и храброст и моќ да ги изразиме своите најдлабоки чувства. Ова е ден кога ќе можеме да забележиме многу нови врски, веридби, поврзувања и смирувања. 

Време е да ја манифестираме љубовта која ја заслужуваме.