Хороскоп: Колкави се вашите шанси за љубов во 2017?

Ја преживеавме 2016 која за многумина беше страшна, но новата година носи нови желби и надежи. Хороскопот открива какви се шансите да се заљубите во новата година.

Овен

Во изминатиот период родените во овој знак беа фокусирани на себе, наоѓајќи најдобри начини за да се изразат. Она што највеќе им беше потребно се независноста и слободата, а таквиот став ќе продолжи и на почетокот на 2017. Меѓутоа, вториот дел од годината носи изненадувања, а многу веројатно е дека ќе ја најдете својата сродна душа.

Бик

За Биковите Новата Година носи многу изненадувања бидејќи нема да се фокусирате на врските и некои подлабоки односи, туку ваш приоритет ќе бидат забавата и флертот. Најголемо внимание ќе обрнувате на забавата и новите познанства, па заради тоа вашиот емотивен живот ќе биде во стагнација.

Близнаци

Новите случувања во животот на Близнаците ќе ја направат оваа година една од најубавите за нив, на еден сосема поинаков начин. Доколку сте скептични или несигурни во однос на тоа што значи вистинска врска, оваа година ќе ви даде одговор на тоа. Конечно ќе сфатите каква личност сакате до себе и што мора таа да поседува, што ќе биде најважно за вас.

Рак

Раковите се малку проблематични во љубовта, а оваа година ќе донесе страв од изневерување и многу љубомора за нив. Но тој страв ќе се јави без причина и воопшто не е оправдан, па затоа добро е да го вклучите разумот.

Лав

Лавовите конечно ќе ја стекнат довербата која им е потребна и затоа нема да им е потребно вниманието кое постојано го бараа изминатиот период. Тоа воедно ќе придонесе да изгледаат поатрактивно и попривлечно, а ќе донесе и нови луѓе, флерт и интересни понуди.

Девица

Конечно ќе почнат да се случуваат добри и убави работи за многу претставници на овој знак. Ќе бидете привлечни и прилагодливи а ова е и период кога ќе им дозволите на другите да ви пријдат, па сосема сигурно е дека ќе остварите убава и квалитетна врска.

Вага

За Вагите не треба многу да се зборува во 2017 година, бидејќи Јупитер се наоѓа во нивниот знак, што носи погодности и поволности во секој сегмент на делување, така што нештата ќе им одат од рака на родените во овој знак.

Шкорпија

Нептун во вашите партнерски односи и натаму внесува мистерии, но и интриги и сплетки што го уништуваат здравиот однос со саканата личност. Ве очекуваат слични врски, кои ќе бидат многу комплицирани и кои ќе ве измачат, но сепак крајот на годината носи нешто многу вредно за вас.

Стрелец

За поголемиот дел на родени во овој знак, изминатата година беше многу добра во насока на средување на некои животни приоритети и созревање, што конечно ќе има поголен одраз на целокупниот живот и однесување. Токму поради тоа, во 2017 година ќе можете да се посветите на љубовниот живот, односно на унапредување на односите со оние кои веќе ги познавате. Ова е и година која ќе ја паметите по фантастичниот сексуален живот.

Јарец

Иако ви изгледа како нештата да продолжуваат на ист начин од 2016, се лажете. Мислите дека нема надеж за вашиот емоционален живот, но ве очекуваат бројни промени. Немојте да бидете тажни бидејќи иако почетокот на годината не носи некаква подобра ситуација, сепак како што минуваат месеците ќе бидете задоволни и ќе видите дека ова е една успешна година на љубовен план.

Водолија

За Водолиите, оваа година носи многу добри промени. Конечно ќе сфатите што сакате и од себе и од другите, така што ќе воведете многу промени што ќе влијае и на вашиот љубовен живот. Без било какви дилеми, ова е година која носи многу убави работи.

Риби

Оваа година која започна за вас носи драма и романтика. Како и секогаш, ве очекува година која е полна со љубовни и емотивни односи кои ќе донесат совршени романтични моменти. Сепак, ќе биде многу слична на 2016, но со некои мали подобрувања.