Хороскоп: Кои се најголемите грешки кои ги направивте во 2017 ?

Кои се најголемите грешки кои ги направивте во 2017?  Не се сеќавате? Хороскопот ќе ве потсети.

Овен

Донесувавте брзи одлуки, само за да ги донесете. Не анализиравте воопшто што е најдобриот и најздравиот избор за вас.

Бегавте од проблемите, убедувајќи се дека бркате авантури. Бегавте и од врските.

Не наоѓавте време за одмор и релаксација, мислејќи дека не ви се потребни.

Бик

Заборавате дека љубовта бара постојано давање и земање. Но, вие постојано ги мерите сите нешта и така ја губите довербата во другата личност.

Чувате бес во себе.

Сакате 100 % од времето на оние кои ги значат, а тоа често е невозможно.

Близнаци

Се трудите постојано да бидете секаде присутни.

Се вознемирувате за сите сите мали работи кои не успеваат и постојано продолжувате со тоа.

Не вложувате премногу напор за да бидете личност на која вашите пријатели можат да сметаат.

Рак

Постојано мислите на минатото.

Не ги прекратувате односите со луѓето кои се токсични за вас.

Се држите до негативните емоции, наместо да сфатите дека тие треба да поминат низ вас.

Лав

Се чувствувате загрозено од луѓето кои имаат сличен талент и харизма како вас, наместо да научите нешто од нив и да бидете подобри.

Не се потсетувате себеси дека скромноста, а не гордоста е најважна за напредок.

Се обидувате да правите повеќе работи истовремено и често ги губите луѓето кои ви значат.

Девица

Оптеретени сте со тоа да бидете совршени.

Критични сте кон себе, а уште покритични кон другите. 

Барате проблеми таму каде што ги нема, наместо да се трудите да уживате во животот.

Вага

Минувате премногу време сакајќи да бидете обожавани од луѓето кои ги среќавате, а тоа е невозможно.

Дозволувате другите многу лесно да ви влијаат.

Не си давате себеси време за да одморите и да ги наполните батериите.

Шкорпија

Дозволувате љубомората да има моќ над вас.

Се опседнувате сите нешта да бидат совршени, наместо да се обидете да бидете подобри со тек на време.

Таинствени сте и претерано мистериозни, наместо да се отворите кон другите и да добиете раст, развој и напредок.

Стрелец

Се надевате на најдоброто, но некогаш треба и да направите нешто околу тоа.

Се обидувате себеси дека морате да бидете среќни и расположени, дури и кога сте тажни и несреќни.

Не се задоволувате со ништо.

Јарец

Секогаш го очекувате најлошото и мислите дека сте одговорни за сите нешта.

Не правите одделување од работата и личниот живот.

Не се трудите околу ништо што не ви изгледа дека ќе успее 100%.

Водолија

Дозволувате тврдоглавоста да влијае на вашите односи.

Се обидувате да се убедите себеси дека најдобро е да бидете емотивно недостапни.

Мислите дека независноста значи да не се грижите за другите луѓе.

Риби

Постојано бегате од реалноста, а со тоа и од проблемите и задачите што треба да ги завршите.

Не мислите дека треба да ја искористите вашата имагинација и креативност.

Дозволувате другите да ви кажуваат што да правите.