Хороскоп: Каде ви е судено да живеете?

Можеби ќе ве изненади дека и државите и градовите имаат свој хороскоп. Така, астролозите можат да го споредат таквиот хороскоп со личниот хороскоп на една личност и да откријат кое место е најдобро за живеење.

Откријте каде ви е судено да живеете според хороскопот.

Овен – Њујорк

Ова е одлично место каде можете да успеете и да ја развивате својата кариера. Комуникацијата е важен елемент за вас, па така ова е одлично место каде можете да ги развивате своите пријателства, но и професионални контакти. Освен тоа, Њујорк знае да биде и романтичен, а вие можете најдобро да го откриете тоа.

Бик – Сиднеј

Ова е одличен град кој може да ви помогне да се развивате. Сиднеј е огромен град кој ја нуди стабилноста по која Биковите копнеат во својот живот. Биковите ја сакаат и природата, па ова е место кое може да им помогне да уживаат во неа. Освен тоа, ова е и супер место за да ја најдат љубовта на својот живот.

Близнаци – Сан Франциско

Близнаците се мајстори во комуникацијата. Па, така не е изненадување што тие и самите би сакале да се дел од Силиконската долина, место каде постојат милиони стартапи и компании каде можат да се развиваат и да ги подобрат своите комуникациски вештини.

Рак – Венеција

Венеција е романтична како  и самите Ракови. Освен тоа, Венеција е град на водата, а Раковите се и водени знаци, тоа значи дека ова е навистина добра комбинација. Раковите можат во еден момент да се поврзат со овој град и да останат тука засекогаш. Дури и преселувањето тука да не е опција, добар одмор би ви бил многу корисен.

Лав – Париз

Градот на светлината е како создаден за Лавовите. Париз го нуди најдоброто, а тоа е она што го заслужуваат Лавовите. Тоа е место каде можат да го добијат посакуваното внимание, но и да ја најдат љубовта на својот живот.

Девица – Токио

Девиците се перфекционисти, а Токио е навистина совршен град во секоја смисла. Тука, Девиците можат да постигнат многу во различни области, а успехот во работата би бил загарантиран. Тоа е она што им значи на Девиците.

Вага – Лондон

Ако Вагите се соочуваат со предизвици за да ја најдат својата цел во животот, па Лондон е вистинското место за да го откријат тоа. Тие ќе бидат популарни, а освен тоа ќе уживаат во многуте можности кои овој град ги нуди за сите кои ќе го посетат или решат да останат подолго во него.

Шкорпија – Амстердам

За Шкорпиите, физичката интимност е многу важна, па Амстердам е навистина секси град во кој ќе можат да се пронајдат. Освен тоа, Шкорпиите ги сакаат мистериите, а Амстердам нуди многу во однос на тоа.

Стрелец- Хонолулу

Убавата огнена енергија која овој град ја носи со себе е одлична комбинација со авантуристичкиот дух на Стрелците. Тие таму би можеле да ја најдат својата сродна душа.

Јарец – Монако

Јарците се најпосветените знаци кога станува збор за работата и парите, па Монако е совршено место за да ги исполнат своите соништа на ова поле. Ова е место кое ќе им помогне да се дружат со богати и славни луѓе, да станат милионери и да постигнат многу во животот.

Водолија – Стокхолм

Стокхолм е најдобрата дестинација за уникатните Водолии. Ова е прогресивен град во кој Водолиите навистина можат да се најдат себеси. Никогаш не би се чувствувале сами, би можеле да ги откријат и следат своите страсти, но и да постигнат голем професионален успех.

Риби – Сингапур

Сингапур е одлично место за Рибите кои постојано сонуваат. Ова е комбинација на спротивности, во која Рибите би успеале да го најдат своето место. Ваквото партнерство би можело да донесе позитивен баланс за Рибите, да им помогне да постигнат емоционална сигурност, но и да станат најдобрата верзија од себе.