Хороскоп до крајот на годината

Ако почетокот на есента не беше многу спектакуларен поради ретроградните планети, преостанатите месеци од 2021 година ни носат подобри денови.

Во вториот дел од октомври ќе го вратиме балансот во нашите живот, а посебна хармонија нè очекува на полето на емоциите и меѓучовечките односи. 

Мали предизвици ни доаѓаат околу 20 октомври со полната Месечина во Овен, но овој транзит ни носи и храброст да се соочиме со стравовите и конфликтите. Сонцето влегува во мистериозната Шкорпија на 24 октомври и ни помага да се залечиме од некои стари рани од минатото.

Почетокот на ноември ни носи свежа енергија и добро расположение,но и сила да се истражиме себеси. Некои промени може да бидат предизвикувачки особено ако вредно работиме, па се соочиме со препреки кои ни делуваат страшни. Не треба да се плашиме од тоа, туку напротив да се подготвиме дека тешката борба секогаш ни ги носи најдобрите резултати. Венера потоа влегува во Јарец и носи поволна енергија на полето на љубовта и просперитетот. Големо случување претставува и помрачувањето на Месечината во Бик на 19 ноември што ни носи интензивни романтични прашања, но и конфликти ако не знаеме точно што сакаме.

Во средината на Декември, Марс влегува во Стрелец, а Марс во Јарец а тоа носи авантура во нашите животи и потреба да бидеме храбри. Ова особено е важно за оние луѓе кои бараат нова работа, се наоѓаат пред тешки одлуки или пак им е потребна храброст за да преземат голем чекор во животот. Ако оваа енергија ја насочиме кон добро, можен е напредок за сите нас.

Во тој период, Венера почнува да се движи ретроградно, па така многу љубовни приказни ќе бидат ставени на тест, а некои луѓе од вашето минато можат да се вратат и да побараат прошка и нова шанса.

Што ги очекува хороскопските знаци до крајот на годината?

Овен

Оваа есен, Овните се насочуваат кон нови потфати и ќе решат дека не сакаат да мируваат. Но, ќе морате да бидете трпеливи и да не ги правите работите нагло, туку промислено. Немојте да се трудите да ги постигнувате работите со грубост и трескање на вратите, туку со дипломатија и смиреност.

Бик

Биковите треба да се подготват да се справат со предизвиците на мајсторски начин. Вообичаено овој знак е побавен, но сега доаѓа период кога нема да бидете водени само од логијата, туку и од внатрешниот глас. Само интуицијата може да ви помогне да ги донесете вистинските одлуки во овој период.

Близнаци

Пријателската енергија во овој период ќе биде ваша главна сила. Во текот на оваа студена сезона, ќе посакате топлина, љубов и романса. Некои луѓе ќе се трудат да ве фасцинираат на различни начини, но пробајте прво да ги запознаете.

Рак

Раковите мораат да надминат некои стари чувства од минатото и да се подготват за важни одлуки, оваа есен. Стресните ситуации се зад вас, а сега исходот од постапките зависи само од вас. Покажете ги своите најдобри способности.

Лав

Не е можно изведувањето на големите планови овој период, па немојте да бидете обесхрабрени ако нешто не оди според вашите цели. Подобро пробајте да најдете инспирација, но и баланс меѓу личниот и приватниот живот. Доаѓа момент кога е можно да дојдете до некои брилијатни идеи, не ги пропуштајте.

Девица

Драги Девици, ѕвездите имаат добри вести за вас: доаѓа период кога можете да напредувате во кариерата. Пробајте да ја искористите енергијата и да дадете сè од себе. Меѓутоа, бидете внимателни, можно е оваа есен да бидете премногу импулсивни. Не влегувајте во конфликти со надредените и обрнете внимание на своите зборови.

Вага

Вашиот живот е во полн ек. Подгответе се за промени и интересни проекти кои ќе ви донесат среќа. Судбината ќе ве спои со интересни луѓе, а тоа ќе ви донесе просперитет до крајот на годината.

Шкорпија

За Шкорпиите, есента е вистински тест на нивната сила. Често ќе се соочувате со ситуации од кои ќе ви изгледа неверојатно да излезете, но ќе бидете силни и ќе издржите. Ако сметате дека работата не ви носи задоволство, пробајте да започнете самостоен проект или да најдете нова работа.

Стрелец

Досега посветувавте многу време на работата, но време е да се фокусирате на својот личен живот. Поработете на својот однос -  со самите себеси и со вашите блиски. Ако уште ја немате пронајдено љубовта, пробајте почесто да излегувате од дома и да заблескате во јавноста. Имате можност да запознаете многу важна личност.

Јарец

Во животот на Јарците доаѓа период кога е потребно на некое време да ги остават на страна амбициите и да се посветат на здравјето. Почнете да вежбате, земете годишен одмор и правете го она во што уживате. Морате да застанете малку и да одморите за да напредувате понатаму.

Водолија

За Водолиите е време да ги соберат плодовите од своите напори. Ова е период кога ќе ги покажете своите способности, но по тешкотиите со кои се соочивте, сега доаѓа успехот. Пробајте да не трошите енергија на средување на односите со оние кои ве саботираат и поврзете се со луѓето кои ви носат поддршка. Вашата цел е да продолжите напред и да освојувате нови врвови.

Риби

Во текот на есента и зимата, можни се надворешни фактори кои можеби ќе ве вознемират. Не паѓајте на провокации и останете мирни во секоја ситуација. Ако можете да пронајдете мир и да ги избегнете конфликтите, сè ќе биде во ред.