Хороскоп до крајот на 2020 година : Дознајте што го очекува вашиот знак

Ни доаѓа моќна енергија на Марс во Овен. Дознајте што ве очекува во следните 6 месеци.

Марс во Овен живее во моментот и не се грижи за минатото и иднината. Не го интересира сентименталноста, страствен е и сака да владее, да биде прв и главен. 

Таму каде што се наоѓа Марс во вашата натална карта е таму каде трошите најмногу енергија и страст. За овие 6 месеци ве очекува многу акција и промени, како добри така и лоши. 

Овен

За вас ова е природна состојба, односно долго чекана енергија. Сакале или не, следните 6 месеци ќе бидете во центарот на вниманието. За слободните Овни доаѓаат убави моменти во август, додека пак зафатените претставници на овој знак ќе треба тогаш да бидат потолерантни кон саканата личност.

Не носете одлуки на есен и не туркајте ништо, бидејќи тогаш ќе се соочите со блокади. Тогаш треба да се чувате од повреди или пад на имунитетот. 

Ако сте спортист или сте некако поврзани со спортот, сега е одличен период да ја вратите својата енергија, но и натпреварувачкиот дух. Вишокот енергија можете да го насочите на физичка активност, па така ќе достигнете завидна кондиција. 

Бик

За Биковите, Марс ќе транзитира низ дванаесеттото поле кое е поле на потсвеста и психата, па овој Марс може да ви донесе напнатост и нервоза, посебно од 9 септември до 14 ноември. Некои Бикови можеби ќе се посветат на истражувања или научна работа, а и ќе се решат да докторираат. Невработените Бикови ќе најдат работа или ќе се посветат на работа од дома, а можно е и многу да заработат од тоа.

Некои Бикови во овој период можеби ќе донесат одлука да отпатуваат на некое мирно место или да се преселат. На емоционално поле, може да дојде и до тајна врска која нема да сакате да ја обелодените од некои причини. 

Ве очекува потежок период во октомври кога ќе се соочите со главоболки, нервоза и некаков вид на стрес. Некои Бикови би можеле да се изолираат и осамат. Кога станува за здравјето, чувајте ги бубрезите, уринарниот тракт и она што е поврзано со главата.

Близнаци

За Близнаците, Марс ќе транзитира низ единаесеттото поле кое е симбол на хуманитарна работа, пензија, пријатели и здружувања, па многу Близнаци ќе почувствуваат добра енергија овој период. 

Многу Близнаци ќе бидат фокусирани на тимска работа, а можна е и нова љубов преку пријател.  Исто така, можни се и почетоци на убави пријателства. Сите ќе сакаат да се во ваша близина бидејќи ќе зрачите со убава енергија. 

На есен, можно е да дојде до некои ограничувања или одалечувања бидејќи некои работи нема да одат според планот. Можно е да се разочарате од блиска личност. 

Рак

За Раковите, Марс транзитира низ десеттата куќа на кариера и статус па многу работи ќе бидат насочени кон тоа. Луѓето кои се млади а сега немаат работа, лесно ќе ја најдат овој период.  Некои Ракови ќе добијат унапредување кое долго го чекале. 

Раковите кои не се во врска ќе стапат во нова во текот на следните 6 месеци, а можно е и запознавање преку работа.

На есен, можни се компликации поврзани со работата, внимавајте на односот со шефовите. Ако имате свој приватен бизнис, можни се ограничувања овој период. Избегнувајте конфликти во семејството, особено со машката страна.

Лав

Многу Лавови кои студираат ќе имаат голем успех овој период. Некои Лавови ќе направат промени во однос на странство, па така можна е и преселба. Особено корисен период е за Лавовите кои се занимаваат со предавање или консалтинг. 

На емоционално поле, ви претстои запознавање со интересна личност во текот на август. Тоа можеби е личност од странство или некако поврзана со друга земја. 

Есента може да биде тешка за вас, па така не се откажувајте од вашите планови.  Особено треба да сте внимателни од 9 септември до 14 ноември. Доколку патувате некаде, патувањата нека бидат во август или декември. 

Девица

За Девиците, овој транзит на Марс се случува во осмото поле задолжено за финансии па сите оние кои работат на полето на економијата, трговијата и банкарството особено ќе го почувствуваат. Некои Девици ќе имаат среќа во областите поврзани со пари, а и во некои процеси поврзани со наследство. 

Некои тешкотии можат да се појават на есен, па затоа бидете внимателни. Не се препорачува никакво започнување, вложување пари ниту пак подигнување кредит. Најдобар период за вас е од 12 јули до 9 септември.

Вага

За родените во овој знак, транзитот на Марс во Овен се случува во седмото поле на бракот, професионалните партнери и непријатели. Така, голема среќа ќе доживеат оние кои се занимаваат со адвокатура, судство, така и оние кои сега почнуваат нова работа. Овој период ќе ви донесе многу моќни клиенти. 

Вагите кои се слободни брзо ќе сретнат личност која нема да им дозволи да вагаат, туку едноставно ќе знаат, дека таа е вистинската. Можна е врска со многу страст. Што и да правите, ќе бидете во борба за докажување.  Вагите кои се во врска ќе се ангажираат околу својот партнер, а можно е и заедничко патување. 

Бидете внимателни на есен.

Шкорпија

Кај Шкорпиите, овој транзит на Марс минува низ шестото поле поврзано со секојдневна работа, вашето работно место и здравје. Со оглед на тоа дека Марс владее со вас, сигурно ќе го почувствувате овој негов транзит. Многу работи се придвижуваат напред од средина на јули. 

Можни се само некои новини на работа кои ќе ви направат нервоза, па затоа бидете внимателни како ќе реагирате. Октомври ќе биде тежок месец за вас, чувајте се. 

Стрелец

За Стрелците, овој транзит се случува во вашето петто поле, па затоа ќе бидете многу среќни. Тоа е полето на децата, креативноста и спортот. Некои Стрелци би можеле да станат родители или во најмала рака да размислуваат на таа тема. Можеби ќе почнете и некаков бизнис поврзан со детска опрема или спорт.

Слободните Стрелци во август ќе сретнат интересна личност, а некои љубовни ситуации ова лето ќе завршат со брак. Зафатените Стрелци ќе бидат фокусирани на саканата личност, а некои претставници на овој знак ќе се сретнат со личност од минатото овој период. 

Само бидете внимателни околу ризичните вложувања, што и да правите, размислете два пати.

Јарец

За Јарците, овој транзит на Марс се случува во четвртото поле на домот и семејството па можно е да се занимавате со преселби, одвојување од домот, па и недвижности. Постои можност и за одење во странство, а на работа ќе се врати нешто старо, или пак ќе се отпочне нешто сосема ново. Во секој случај, ништо нема да биде исто како претходно. 

Сите работи поврзани со недвижности ќе бидат успешни, особено во периодот до 9 септември или по 14 ноември. 

Водолија

За родените во овој знак, Марс транзитира низ третото поле поврзано со сообраќај, комуникација, документи, интернет, учење и продажба на автомобили. Многу Водолии ќе бидат среќни во пронаоѓањето работа поврзана со комуникациите, патувања, сообраќај, а некои од нив ги очекува и преселба поради работа. 

Можни се проблеми со роднините, поврзани со документација, а избегнувајте кавги на есен. Почекајте го вториот дел на декември ако сакате да направите долгорочни промени.

Риби

За Рибите, овој транзит на Марс се случува во второто поле на финансии и заработувачка, па доаѓа добра енергија на ова поле. Многу Риби ќе имаат зголемен прилив на пари ова лето, но колку и да заработувате, не се препорачува да трошите веднаш. 

Можни се мали проблеми на есен, подгответе се за тоа.