
53-годишен скопјанец со секира ги искршил прозорците во домот во Гази Баба, а се заканувал и со нож на својот син. Кога дошла полицијата да интервенира тој со нож замавнал и кон нив.
- На 06.04.2026 во 16:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(53) од Скопје, затоа што околу 14:30 часот со секира ги кршел прозорците од домот, а потоа со нож му се заканувал на неговиот 21-годишен син. Откако пристигнале полициските службеници, тој со нож замавнувал кон нив и им упатувал закани, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.