
Хорор среде бел ден во скопски Аеродром. Маж преживеал обид за кражба, додека насилно бил извлечен од сопствениот автомобил.
- На 11.04.2025 година во 09.00 часот во СВР Скопје, Р.Х.(54) од Скопје пријавил дека околу 08.50 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, две машки лица со употреба на физички сила го извлекле од неговото возило и физички го нападнале, а притоа се обиделе да му ја одземат и чантата, известија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.