Хорор: 66-годишен Грк допирал малолетник од Штип: Го начекал сам во просторија за тушеви во бања

Вчера околу 15:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода П.Д.(66) од Република Грција.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека околу 12:00 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип.

Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото. 

Лицето било задржано во полициски станица и по целосно документирање на случајот против грчкиот државјанин ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 188 став 5 од Kривичниот законик.