Хормон на стресот - како да го препознаете и да се заштитите од неговото влијание?

Ако некогаш сте се соочиле со стрес, знаете дека тој влијае на нашето физичко и ментално здравје.

Особено тешки беа последните неколку години во пандемијата кога секој од нас се соочи со одредено ниво на стрес, од различни причини. Стресот влијае на лачењето на хормонот кортизол, кој  нè става во постојана состојба на будност и чувство дека треба да се избориме со нешто. Високите нивоа на кортизол постојано негативно влијаат на нашиот организам, а голем дел од луѓето не се свесни за тоа.

Пред да почнете да се соочувате со стрес поради сето ова, треба да знаете дека некогаш кортизолот може да биде добар, а тоа особено ни е потребно наутро кога треба да се разбудите, но за жал, овој хормон може да предизвика прекумерна телесна тежина, главоболки, па и проблеми со внатрешните органи. Освен тоа, тој го погодува и имунолошкиот систем што често може да доведе до воспаленија и настинки. 

Иако не постои магично стапче кое може да ни помогне да се справиме со ова, постојат одредени начини на кои можеме да се ослободиме од прекумерното лачење кортизол во нашето тело. 

Зелен чај

Зелениот чај содржи состојки кои се одлични во борбата против кортизолот. 

Каранфилче

Овој зачин е одличен благодарение на неговата состојка еугенол која го спречува неговото влијание на крвотокот.

Храна богата со витамин Ц

Храната која е богата со витамин Ц игра огромна улога во стабилизирањето на нивоата на кортизол. Истражувањата покажуваат дека храната како црвени пиперки, киви, цитрусни овошја и јагоди треба да се дел од нашата исхрана особено доколку се соочуваме во високо ниво на стрес. Тоа помага во балансирање на лачењето на кортизол, но и адреналин во нашето тело.

Добар сон

Квалитетниот сон од барем 7 часа во текот на ноќта е значаен за нашето физичко и ментално здравје. Тоа придонесува за регулирање на нивоата на мелатонин и кортизол и е многу значајно во борбата против стресот. 

Медитација

Не морате да медитирате долго, но важно е да најдете време во текот на денот за да ги смирите своите мисли и да ги смирите умот и телот. Освен тоа, во ова може да помогне водењето дневник, но и свесноста за оние работи кои ни предизвикуваат стрес, а на кои можеме да влијаеме.