Холанѓанка пронајдена почината во стан на Бит Пазар

52-годишна жена од Холандија е пронајдена почината во Скопје.

- Денеска (09.03.2023) во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Бит Пазар била пронајдена почината С.Л.К.(52) од Кралството Холандија, со живеалиште во Скопје, информира МВР.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.