Хит комедијата „Вечерва сме сами“ наскоро во Скопје

Популарната комедија „Вечерва сме сами“, во која настапуваат фантастичните Семир Гициќ и Наташа Аксентијевиќ, наскоро доаѓа и во Скопје! На 26 април, љубителите на добра забава ќе имаат можност да ја погледнат оваа хит-претстава на сцената на Националната опера и балет.

Станува збор за исклучително духовита и жива претстава која преку хумор и динамични дијалози ги прикажува сложените нијанси на љубовните врски и секојдневните животни ситуации. Со лесно препознатливи сцени, неочекувани обрати и одлична актерска игра, публиката истовремено ќе се насмее до солзи, но и ќе добие можност да размисли за сопствените искуства и избори.

„Вечерва сме сами“ го претставува менталитетот типичен за Балканот, каде често се прифаќа она што формално никогаш не би било прифатливо. Оваа претстава на оригинален начин покажува дека и прифаќањето и отфрлањето на животните ситуации може да бидат подеднакво комплицирани. Најтешко од сè е човек да поверува дека токму тоа што го живее е реалност, а не нечија шега. Во моментот кога ќе помислиш дека работите се завршени – тие допрва почнуваат; кога мислиш дека конечно си разбрал, токму тогаш следува нов пресврт.

Приказната ги следи љубовните и животни драми на еден пар кој постојано балансира меѓу страста и конфликтите. Низ одличните улоги на Гициќ и Аксентијевиќ, гледачите ќе се пронајдат во многу реални и комични моменти, откривајќи дека животот секогаш е полн со изненадувања.

На овие простори многу работи се повторуваат, но исто така брзо се забораваат – како никогаш да не се случиле. Затоа, дојдете и уживајте во претстава која сигурно ќе ве забавува, ќе ве насмее и долго ќе ја паметите!

Влезниците веќе се во продажба, а можете да ги набавите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК Травел Дајмонд.