Хималајска сол и вода наутро - одличен начин да го победите стресот

Дали некогаш се будите со стрес, уште пред да почне денот?

Тоа знае да биде многу лошо чувство, бидејќи ни ја намалува енергијата и ефективноста во текот на денот. Понекогаш го знаеме точниот извор на стресот, а често е и насобрана лоша енергија од која едноставно мора да се ослободиме.

Утрата треба да бидат момент на мир и одмор, а различни луѓе имаат различни навики – некои вежбаат наутро, други имаат совршен ритуал за пиење кафе, трети ги читаат вестите или медитираат. 

Но, Дејв Еспри во својата книга “ Постете на овој начин”, нуди многу едноставен начин за ослободување од стресот во утринските часови. Тој препорачува неколку зрнца хималајска сол во вода.

Пред да разбереме зошто е тоа така, да се осврнеме на кортизолот кој е хормон на стресот кој може да влијае и на нивоата на шеќер во крвта, крвниот притисок и воспаленија. Овој хормон е на највисоко ниво кога се будиме, што бара одреден начин на решавање на ваквиот проблем. 

Хималајската сол може да ги намали нивоата на кортизол во нашето тело и да ни даде енергија без да се чувствуваме нервозно и преоптоварено уште на почетокот на денот. Оваа сол се препорачува повеќе за разлика од обичната сол која ја користиме во готвењето бидејќи е богата со магнезиум, цинк и железо.