
15-годишниот битолчанец Михаил Николовски, ученик во СОУ „Ѓорги Наумов“ спасило семејство од давање на една од грчките плажи.
Имено, момчето влегло во Егејското море и помогнало да се спаси семејство (мајка, татко и нивното дете) со потекло од Бугарија.
Драмата се одвивала на плажата во Олимпијада во Грција, каде тричленото семејство од Бугарија се нашло во опасност откако силните бранови ги однеле подалеку во морето.
Во тој момент младиот Михаил без двоумење влегол во разбрануваното море за да им помогне.
Според сведоштвото на неговото семејство, Михаил најпрво успеал да ја извлече жената, потоа детето, а на крај и таткото, со што целото семејство било безбедно извлечено од водата.
По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле битолчанецот со силен аплауз.