Херман Хесе: Среќни сме само тогаш кога не бараме ништо од утрешниот ден, а од денешниот ден сме благодарни за тоа што ни го носи

Херман Хесе е еден од оние писатели со кои растеме и созреваме. Неговите книги се исполнети со многу убави зборови и мисли за верата, љубовта, среќата и несреќа. Некогаш се тешки, некогаш тажни, а понекогаш среќни. Сепак, тој пишува за животот, онаков каков што е.

Ова се неговите најубави мисли:

Ако некого мразиме, тогаш во неговиот лик мразиме нешто што е всадено во нас самите. Она што го немаме во себе, тоа не може да не излуди.

Ништо на човекот не му е поодвратно од патот кој го води до него самиот.

Среќни сме само тогаш кога не бараме ништо од утрешниот ден, а од денешниот ден сме благодарни за тоа што ни го носи.

Љубовта не постои за да не направи среќни. Таа постои за да ни покаже колку можеме да издржиме.

Херој е оној кој има храброст да ја преземе во свои раце својата судбина.

Луѓето кои имаат карактер и храброст често им се непријатни на другите луѓе.

Не е целта да станеме како другите луѓе. Важно е да се разликуваме меѓусебно, да научиме да ги гледаме луѓето поинаку од себеси и да ги почитуваме поради тоа.