
„Сејф Сити“ системот предизвика бура од реакции кај возачите низ Скопје. Јавната дебата оди од една крајност во друга. Сакаме ред, но не сакаме ограничувања. Посакуваме да не гинат луѓе на улиците и во случаи на тешки сообраќајни несреќи, коментарите најчесто е дека „треба да одговараат несовесните возачи“, а од друга страна не сакаме правила и обвинуваме дека парично сакаат да ги оштетат граѓаните!
Ќе има ли конечно ред во соообраќајот или сепак ќе се бараат „дупки во законот“, за секој да си се спаси!
Еве неколку ставови, според кои, мора и треба да го промениме пристапот кон правилата!
- Многу ок мерка е автоматско казнување за сообраќајни прекршоци. Се надевам нема да попуштат на притисокот. Тоа е едно од ретките решенија кое може да воведе барем некаков ред во државата и особено Скопје. Не е нормално да гинат толку луѓе.
Многу ок мерка е автоматско казнување за сообраќајни прекршоци. Се надевам нема да попуштат на притисокот.
Тоа е едно од ретките решенија кое може да воведе барем некаков ред во државата и особено Скопје.
Не е нормално да гинат толку луѓе.
— Jovan P. (@jp_wanderer) December 1, 2025
Најдобар опис на реакциите по повод единствениот реален обид последно време да се воведе ред во сообраќајот во Скопје. https://t.co/0IId6egOk6
— Macedonian Lawyers for Human Rights (@LawyersHuman) December 2, 2025
Барселона, 2011 година, просечна плата околу 800 еур, казна за сообраќаен прекршок 450 еур, за незастанување на бремена жена или дете на пешачки 450 еур и задолжителна конфискација на возилото..
Скопје, 2025 година, камери?! Зашто?! Каква казна бе?! Не ве гласаме?!— TellMeMore (@TellMeMore92246) December 1, 2025
Хелсинки со камери во сообраќајот до нула жртви во 2025та
- Браво. Европа е тоа, мислат на безбедностаСкопје воведува камери во сообраќајот
- Ууууу профитери— Дани (@_Dani_D_) December 1, 2025
Кога беше последната сообраќајка во скопје со смртни последици сите, ама СИТЕ, мислеа дека со казни ќе се реши прашањето со брзината на возилата. Не со физички бариери, не со стеснети ленти, не, со казни можело единствено. Денес види ги СИТЕ како се бунат за сејф сити!
— Nikola Naumeaux (@NikolaNaumeaux) December 1, 2025