Хељда: Зошто е добра за нашето здравје?

Хељдата е здрава намирница која е вкусна но и лесна за подготовка.

Таа потекнува од Азија, каде и највеќе се користи во исхраната. Честата заблуда на која наидуваме е тоа дека таа е житарица. Начинот на одгледување на хељдата, како и нејзините својства се слични на останатите житарици, па тоа е најчесто причината за тоа. Меѓутоа, таа претставува едногодишна билка која воопшто не е житарица.  Затоа и е добра замена за оние кои се трудат да ги исфрлат житариците од исхраната.

Одличен извор на протеини

Таа е богата со протеини кои имаат висока биолошка вредност. Имено, протеините од хељдата можат во голем процент да се искористат во нашиот организам, што ја објаснува и високата концентрација на есенцијални аминокиселини.

Не содржи глутен

Хељдата е одличен извор  за оние кои се трудат да го исфрлат глутенот од исхраната од различни причини. 

Богата со хранливи состојки

Содржи бројни минерали и е одличен извор на манган, магнезиум и бакар. Исто така,содржи и железо, фосфор, цинк и селен. Значаен процент од препорачаната дневна доза од овие минерали можете да внесете токму преку хељдата.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак

Најголемиот квалитет на хељдата е всушност високото ниво на антиоксиданти кои ги содржи. Нивната улога е огромна кога станува збор за елиминирање на слободните радикали кои се сметаат за еден од најчестите причини за рак, но и срцеви заболувања.

Исто така, истражувањата покажуваат дека рутинот кој може да се најде во хељдата го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, а го зголемува нивото на добриот холестерол. На овој начин се спречува згрутчувањето на крвта кое често е причина за мозочните и срцевите удари.

Помага во намалување на килограмите

Таа е богат избор на природни влакна, не содржи заситени масти и холестерол, а во однос на другите намирници, има помалку калории. Поради сето ова, таа влијае на намалување на апетитот и ја подобрува општата состојба на дигестивниот систем.

Другите бенефити од хељдата се:

  • Го подобрува расположението
  • Ги јакне коските
  • Ја подобрува состојбата на коските и забите
  • Ја штити кожата од стареење
  • Го контролира, односно спречува нападот на астма