Хелен Мирен: Со тек на време ви станува удобно во совја кожа, дури и кога времето ви дава малку причини за тоа

Хелен Мирен е позната британска актерка која не престанува да блеска. Гледајќи како постојано ѕвездите ни покажуваат како се подмладуваат со пластични операции и други опасни методи, сепак Мирен ни покажува една друга слика – како се старее достоинствено.

Таа никогаш не се плаши да го каже тоа што го мисли. Ова се некои од нејзините највпечатливи цитати.

1 – Сега кога имам 70 години, тоа што би си го посоветувала на младата јас е да вели “Одеби“ почесто.

2 – И понатаму го имам тоа чувство за авантура. Мислам дека не сум спиела во ист кревет повеќе од три или четири месеци. Секогаш садам зеленчук кое на крајот не успевам да го пробам и цвеќе кое не го гледам како цвета.

3 – Целата работа околу облекувањето е луда. Можете да потрошите 1 долар на јакна во некој мал бутик и таа да биде најубавата јакна на светот. И можете да потрошите 100 долари на јакна со познат бренд. И ако видите жена која ги носи со самодоверба, нема да знаете од каде се купени.

4 – Жените треба да престанат да бидат љубезни.

5 – Најтешкиот период во животот се дваесетите години. Тоа е огромна штета бидејќи сте најубави и физички и во најдобра кондиција. Но, исто така и најнесигурни и полни со сомнеж. Кога не знаете што ќе се случи, тоа е застрашувачи.

6 - Со тек на време ви станува удобно во совја кожа, дури и кога времето ви дава малку причини за тоа. Кога сте млади и убави, сте параноични и очајни. Мислам дека една од најубавите работи во стареењето е што се ослободуваме од тоа.

7 – Моите четириесети беа добри. Педесетти – сјајни. Шееесети – фантастични. А седумдесети – проклето феноменални.