Хасо во Шутка: Маж кршел полициско возило, а нападнал и полицаец

Вчера пред полноќ инцидент во скопска Шутка. Уапсен е маж кој оштетил службено возило, а нападнал и полицаец. 

- Вчера во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишија од слобода З.И.(49) од Скопје поради тоа што, најпрвин со тврд предмет оштетил полициско возило, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираа од МВР. 

По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.