
Пожарот кој се случи ноќеска во населбата Шуто Оризари избувнал во 03:20 часот, а опожарени се над 20 дуќани, сите во соптвеност на едно лице.
Од МВР потврдија дека дека повредени луѓе во пожарот нема, а уште се работи на расчистување на случајот.
- Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија од МВР.