Хаос од возила викендов на Водно, улиците кај Средно полни со паркирани автомобили

Водно е едно од омилените места за рекреација на скопјани, но и таму, како и во сите останати делови на градот, сообраќајната култура и почитувањето на правилата е на исклучително ниско ниво. Дел од граѓаните кои викендов ја посетиле планината се жалат дека покрај сите улици кои гравитираат ококу средно Водно имало паркирани возила.

Во коментари на социјалните мрежи, граѓаните пишуваат дека е нејасно зошто не се користи линијата на ЈСП до средно, туку многумина практикуваат со своите возила да се качат што повисоко на планината.