Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удрил во контејнери и паркирани автомобили

Вчера вечерта се случила тешка сообраќајна несреќа кај кулите „Џевахир“ во скопската населба Аеродром. Според првичните информации и сведоштва на очевидци, возило со голема брзина удрило во неколку контејнери и две паркирани возила.

Очевидци за 24 Инфо изјавиле дека возачот, кој наводно бил во алкохолизирана состојба, изгубил контрола врз возилото и предизвикал значителна материјална штета. Според нив, се работи за турски државјанин, а ова е втора сообраќајна несреќа во истиот реон за само една недела.

Граѓаните реагираат дека три од вкупно четири ленти на булеварот се блокирани од непрописно паркирани возила, што значително го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста во овој дел на Аеродром.

Полицијата пристигнала на лице место и извршила увид, а повеќе детали се очекуваат денес.