Ханиоти или Лептокарија: пиво и гиро за 3 евра, салата за нешто повеќе - какви се цените оваа година во Грција?

Сместена во срцето на Медитеранот, Грција е волшебна дестинација позната по своите неверојатни пејзажи, богата историја и убава кујна. Од вкусното сувлаки и салати полни со фета до освежително узо и пенливи вина, грчката кујна долго време ги мами патниците од целиот свет. Сепак, пред да се впуштите во кулинарска авантура во оваа енергична земја, од суштинско значење е да ги знаете цените на храната и пијалоците за да направите вистински избор за вашето летување.

Лептокарија или Ханиоти, кое место да биде избор за одмор. Доколку цените на секојдневните производи се пресудни, тогаш овој текст ќе даде одговор на вашата дилема. Во една од групите наменети за споделувања информации и вести околу летувањето во Грција, беше споделена фотографија со актуелните цени од Лептокарија,  местото кое важи за едно од најпопуларните помеѓу туристите од регионот.

На фотографијата може да се забележат цени кои се исти како тие минатата година, па токму објавата е во таа насока. Така нескафе е 3 евра, капучино 3,5 евра, еспресо и грчко кафе 2 евра, додека пиво 0,3 литри е 3 евра, а 0,5 литри е 4 евра.

Што се однесува до цените на храната на оваа плажа, хамбургер изнесува 4 евра, клуб-сендвич 7 евра, грчка салата 7,5 евра, а порција гиро 8,5 евра.

Дел од туристите велат дека ова се претсезонски цени, но и додаваат дека во овие цени најчесто вклучена е и бесплатна лежалка на плажа.

Туристите во коментар разменуваат цени и за секојдневните продукти во маркетите. Јаболката се 1,60 евра, а компирот 1,29 евра. Лукот се продава по цена од 0,50 евра, додека пак оризот е 1,40 евра.

Еден од коментарите се однесува за цените во Ханиоти, кои според фотографијата се пониски дури и од тие во Лептокарија. Така, клуб сендвич, гиро, хот дог и сувлаки може да се најдат по цена од само 2,50 евра.