Гужва на премините „Богородица“ и „Табановце“, се чека околу еден час

АМСМ утрово соопшти дека од 40 минути до еден час се чека на граничниот премин Табановце за влез и излез од државата и на граничниот премин Богородица за излез од државата, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања.

АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.