Гужва на границите: На „Богородица“ и „Табановце“ се чека еден час - еве како е на останатите премини!

Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на ГП Табановце за излез и на ГП Богородица за излез е по околу 1 час. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.