Гужва на Богородица, се чека и по еден час

Во екот на сезоната голем број граѓани рано утрово се упатија кон Грција.

На граничниот премин Богородица колона возила чекаат и по еден час. Интензитетот на сообраќајот, како што информира АМСМ е умерен на сите патни правци.

Од АМСМ предупредуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, поради што препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената патна сигнализација.