Гужва на „Богородица“, се чека 45 минути - еве каква е состојбата на останатите премини!

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) утрово информира за зголемен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.

Оттаму посочуваат дека на граничниот премин Богородица, времето на чекање за излез од Македонија изнесува околу 45 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.