
На граничните премини „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ утрово има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути, На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози.
Од таму препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.