Гужва и сообраќаен метеж, избегнувајте го овој дел од Скопје!

Градежните работи кај мостот „Гоце Делчев“  започнаа вчера, а  ќе се одвиваат во наредните 40 дена. Станува збор за активност што не е извршена повеќе од 13 години и таму ќе има посебен сообраќаен режим, најави вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Времениот сообраќаен режим попладнево предизвика сообраќаен хаос во овој дел од Скопје. Граѓаните на сообраќајните мрежи апелираат до возачите да го избегнуваат овој дел од метрополата.

Според најавите, гужвата ќе трае во следните 40 дена.