Гужва и метеж низ Скопје, избегнувајте ги овие улици!

Поради присуство на високи меѓународните делегации, денес сообраќајот во Скопје се одвива по посебен сообраќаен режим.

Во овој момент гужва и застој во сообраќајот се забележува на булеварот Илинден во близина на СЦ Борис Трајковски и улицата Јадранска магистрала од  Визбегово кон скопската обиколница. Надвор од главниот град поголема гужва и застој е забележана на првата патерина кај Петровец, кон скопскиот аеродром.

Поради натпросечно високите температури од АМСМ апелираат на посебно внимателно и одговорно возење.