Гушкањето е една од најубавите работи на светот, гушкајте се почесто

Дали сакате да се гушкате? Со вашата сакана личност, со вашите родители, деца или пријатели? Научниците тврдат дека гушкањето е одлично за нас.

Чувството на допир е првото сетило кое го развиваме во животот. Научниците денес докажуваат дека тоа е многу важно за нашата благосостојба. Уште од односот меѓу мајката и бебето, докажано е дека тоа го забрзува развојот на детето и самопрепознавањето. Психологот Кетрин Хармон посочува дека децата на кои им недостасува допир од страна на нивните родители се соочуваат со поголем ризик од емоционални, социјални и бихејвористички проблеми во текот на младоста. Таквите проблеми, посочува Хармон остануваат со личноста во текот на целиот нејзин живот.

Ако писателите и музичарите се фокусираат на љубовта како најубаво чувство, научниците се фокуисирале на гушкањето како една од најкорисните работи за нас како личности. Но, зошто?

Се чувствуваме посреќни

Гушкањето придонесува за лачење на хормонот окситоцин кој е еден од оние хормони кој го подобрува нашето расположение и ни помага да се чувствуваме посреќни. Некои луѓе овој хормон го нарекуваа љубовен хормон бидејќи придонесува за силно чувство на релаксација, стабилност и доверба. Дополнително, окситоцинот е одговорен за намалена отпорност кон стрес и нервоза.

Поголема поврзаност

Според др. Френ Волфиш, познат детски и семеен психотерапевт од Калифорнија, гушкањето е моќен начин за зближување меѓу двајца луѓе. Исто така, тоа придонесува и за лачење на допамин, кој е хормон поврзан со сексуалната желба.

Комуникацијата е подобра

Како што знаеме, невербалната комуникација е моќна како и вербалната. Со нејзина помош, знаеме дека сме разбрани, а добрата комуникација пак придонесува за емпатија и подобро разбирање.

Се чувствуваме одморени

Сте го забележале доброто чувство на релаксација по гушкањето? Дури подобро и од попладневната дремка.