За вистинските гурмани на пица ова е одличен рецепт.
Состојки:
200 грама млеко
30 грама свеж квасец
100 мл јогурт
2 јајца
600 грама брашно
200 грама шампињони
200 грама мартадела
200 грама кашкавал
200 грама чаден врат
Сол и масло за јадење
Подготовка:
Во млекото ставете го квасецот, па потоа 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно. Оставете 10 минути квасецот да нарасне. Потоа додадете масло за јадење, брашно, 2 белки, јогурт и 1 лажичка сол. Замесете тесто и оставете да отстои 30 минути. Тестото поделете го на два дела.
Од првиот дел развлечете кора. Кората премачкајте ја со кечап, па ставете кашкавал, шампињони, мартадела и од чаденото месо.
Преклопете ја кората, а краевите затворете ги со вилушка. Пицата премачкајте ја со изматени жолчки. Печете во загреана рерна 25 минути на темпертура од 200 степени. Додека се пече првата гурманска пица направете ја и втората.