Губиме интерес за оние кои не земаат здраво за готово

Не е тајна тоа дека со текот на времето престануваат да нè привлекуваат луѓе кои не нè сакаат. Луѓе кои едноставно нè доживуваат само како една од многуте можности и кои не нè прифаќаат онакви какви што сме. Тоа се луѓе кои нè земаат здраво за готово и кои веќе некаде длабоко во себе почнале да бараат замена.

Со текот на времето го менуваме односот кон луѓето кои одново ја покажуваат својата неискреност. Кон оние кои не ги исполнуваат своите ветувања. Го менуваме својот однос кон луѓето кои ја сакаат само нашата сила и кои не се во состојба на нè прифатат со сите наши слабости. Кон оние кои ги исмејуваат нашите стравови и несигурности. 

Губиме интерес за луѓе кои постојано ги потценуваат нашите чувства, желби, проблеми и мислења. За оние кои не сакаат да признаат дека е океј да бидеш ранлив. За луѓе кои својата благосостојба ја ставаат над сè. Тоа се себични луѓе. 

Губиме интерес за луѓе поради кои се чувствуваме недостојно за нивното внимание. За луѓе кои се само со нас затоа што немаат друг избор. За оние кои не покажуваат радост кога ќе нè видат. За оние покрај кои секогаш имаме чувство како да треба да го заслужиме секој миг на внимание. Губиме интерес за луѓе кои нè држат на дното на нивната листа со приоритети. 

Со текот на времето престануваме да се грижиме за оние кои кон нас се однесуваат без почит и сочувство. Престануваме да се грижиме за оние кои ја искористуваат нашата добина. Кои нè гледаат од висина, кои мислат дека треба да ги молиме за љубов. Престануваме да се грижиме за луѓето на кои не им е гајле дали ќе нè изгубат, затоа што никогаш не нè почитувале, ниту пак вистински нè сакале. 

Губиме интерес за оние кои не нè вреднуваат онака како што сме заслужиле. Затоа што знаеме колку вредиме и за што сме способни. Затоа што научивме да се сакаме себеси и никогаш повторно нема да дозволиме некој друг да нè потценува и да прави да се сомневаме и да се прашуваме дали заслужуваме вистинска љубов.