ГТЦ празнично украсен ги повика купувачите на неверојатни искуства

Во пресрет на новогодишните празници празнично украсување доби Градскиот Трговски центар во срцето на Скопје.

Како што сподлија на нивната фејсбук страница трговскито центар е подготвен во украсен амбиент да ги пречека купувачите! 

- Нека оваа сезона донесе радост и магија!  Погледнете како нашите новогодишни украси го создаваат празничниот амбиент. Дојдете во ГТЦ и уживајте во најубавите моменти на годината!  Преку неверојатни попусти и уникатни искуства – празниците започнуваат тука, стои во објавата на ГТЦ, култниот скопски објект.