Групна тепачка во Шуто Оризари, нападнати полицајци кои интервенирале

Министерството за внатрешни работи информираше дека денес околу 02.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и при обид да ги раздвојат лицата и тие биле нападнати.

Приведен е  Ф.Д.(25) од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во полицискиот билтен.