Групна тепачка во Шуто Оризари, полицијата приведе повеќе лица.
Вчера во 01.00 часот по полноќ во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.А.(44), К.С.(46), И.С.(23) и И.Ѓ.(40), сите од Скопје, затоа што, поради нерасчистени имотно - правни односи, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираа од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.