Во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Брсјачка буна“, општина Шуто Оризари, по претходна расправија настанала физичка пресметка со употреба на дрвени предмети помеѓу Б.М. (33), Ѓ.Р. (34) и малолетник, сите од Скопје, од една страна и Л.Ќ. (20) и А.Л., двајцата од Скопје, од друга страна.
Лицата биле лишени од слобода и сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.