Групна тепачка се случила вчеравечер во скопски Сарај.
- На 08.04.2025 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Сарај, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(68), М.С.(22), Р.С.(32) и М.С.(27) од една страна и Ј.С.(59), О.С.(25) и Н.С.(19) од друга страна, сите од с.Љубин, скопско, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.